Затегнати нозе и задник со тренинг од шест минути дневно
Доаѓа сезоната на кратки фустани и шорцеви и сигурно сакате да ја дочекате во најдобра форма. Иако не треба да ја ограничите физичката активност само кога се „подготвувате за сезона“, овие вежби ќе ви помогнат да се вратите во форма и да обликувате затегнати нозе и цврст задник.
Интензивниот тренинг од шест минути може да го вметнете во вашата редовна рутина за вежбање или да го применувате самосстојно. Паралелно не заборавајте на здравата исхрана со многу свежо овошје и зеленчук и секако, доволно вода за хидратација на организмот.