Затуроска: Власта нема започнато ниту еден километар нов пат или автопат

Неодговорната влада на СДСМ 7 месеци го одолжува пуштањето во употреба на автопатот Демир Капија-Смоквица, кој требаше да биде готов уште во август минатата година.

Оваа безидејна Влада дополнително го проби и рокот што сама си го зададе со анекс на договорот за градба и сè уште не го пушта во употреба готовиот автопат уште од времето на ВМРО-ДПМНЕ, изјави денеска Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ.

Според неа, ВМРО-ДПМНЕ го донесе во крајна фаза на реализација автопатот Демир Капија-Смоквица, требаше само да се изврши дислокација на електричен столб и да се изгради диспечерски центар.

„Овие работи можеа да бидат изведени за една недела, но СДСМ ги одолжи работите до недоглед и не пушта во употреба готов автопат, само за да може да рече дека, ете, и тие нешто работеле, па го довршувале. Фактите се јасни. Автопатот го изгради ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ треба најбргу да го пушти во употреба како граѓаните ќе може да ги користат бенефитите од него“, додаде таа.

Затуроска обвини дека СДСМ ниту знае ниту има капацитет за изведба на крупни инфраструктурни проекти.

„Зоран Заев пред парламентарните избори во 2016 година ветуваше дека власта ќе изгради 600 километри нови автопатишта, 550 километри магистрални патишта и над 1.000 километри регионални патишта. Сега гледаме дека СДСМ не може ниту да ги пушти во употреба патиштата завршени од ВМРО-ДПМНЕ, а да не зборуваме да изгради нешто ново. Помина речиси една година, а власта нема започнато ниту еден километар нов пат или автопат. Годината власта ја помина во спроведување штетни политики, покачување на давачките и задолжување на граѓаните до недоглед“, додаде Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Македонија

Викендов променливо облачно со локален дожд

Read more

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Read more

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more
 

Вести

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе