Затворен угостителски објект во тетовско, затекнати 94 лица од кои 17 се странски државјанки

При извршена контрола од страна на полицијата во угостителски објект лоциран на регионалниот пат Тетово- село Желино доцна синоќа во 23:45 часот биле затекнати 94 лица, од кои 73 гости. Затекнати се и 17 државјанки на Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Молдавија.

Од МВР денеска соопштија дека полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и интервентната полиција при СВР Скопје во содејство со Државниот пазарен инспекторат по претходно добиени сознанија извршиле контрола во угостителскиот објект и констатирале дека објектот работи спротивно на законот односно мерките за справување со коронавирусот.

– Исто така, при извршената контрола пронајдена е марихуана и метадон при што лишени од слобода се две лица против кои ќе биде поднесена кривична пријава по чл.215 од КЗ. Против 17 лица ќе биде поднесена соодветна пријава по чл. 418а од КЗ, а против сопственикот на локалот ќе биде поднесена пријава по чл. 206 од КЗ., се појаснува во соопштението од МВР.

Изречени се и три санкции за неносење лична карта и лицата се приведени во СВР Тетово со цел, стои во соопштението, утврдување на идентитет.

При контрола на локалот во посебно изработени рафтови со бројки, наведуваат од МВР, биле пронајдени пари.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот е пломбиран и има забрана за вршење на дејност со времетраење од 30 дена. цр/скс/

2020-12-29 11:33:19, од Цветанка Миновскаs

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Хроника

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Read more

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Read more
 

Вести

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе