Хроника

Затворени две аптеки во Велес, издавале лекови без рецепт

9. август 2019 - 9:56 | МИА

Скопје, 9 август 2019 (МИА) – Две аптеки во Велес се затворени поради незаконско работење околу набавка и издавање лекови без рецепти на лица кои користат дрога.

Како што соопшти МВР, СВР Велес вчера во координација со Одделот за криминалистичка полиција и Агенцијата за лекови и медицински средства при Министерството за здравство извршило претрес во две аптеки и дом, сопственост на В..Ј. и притоа во аптеките е откриено незаконско работење околу набавка на лекови и издавање лекови без рецепти на уживатели на наркотични дроги во големи количини.

Од страна на Агенцијата се изготвени записници за затворање на аптеките. При претресот се одземени доказни предмети во врска со овој случај. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.

Коментирај