Осуденик од Велес починал синоќа во затворот Идризово. Младиот затвореник немал видливи траги на насилство, а телото е дадено на обдукација, соопшти МВР.
– На 03.02.2023 во 15:15 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ било пријавено дека во затворот починал осуденикот Д.Х. (27) од Велес. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, се наведува во соопштението од МВР.