МВР соопшти дека во Скопје се приведени 10 лица присутни во интернет кафе кое работело по дозволеното време.
На 24 февруари во 22:00 часот, додека вршеле контроли во угостителски објекти, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Тале Христов“ констатирале дека интернет кафе работи и вo објектот има 10 лица.
Тие биле приведени во Полициската станица Чаир и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.