Завршен планот за скрининг, ќе се анализира скокот во бројот на нови заразени

Скокот во бројот на нови инфицирани со COVID-19, потврдени 33 случаи за 24 часа, од кои најмногу во Скопје (11) и во Велес (9), ќе се следи деновиве за да се утврди дали е случајност или некоја варијација, рече министерот за здравство Венко Филипче откако по неколку дена пад и повеќе оздравени отколку заразени, вчера повторно се зголеми бројот на нови позитивни на коронавирусот.

Покрај новите заразени во Скопје и Велес, во евиденцијата за претходните 24 часа вчера беа регистрирани и пет новозаболени во Прилеп, по двајца во Куманово, Тетово и Битола и по еден во Штип и Крива Паланка.

Според Филипче, тоа се резултати од само еден ден и од нив засега не може да се извлече заклучок за скокот. – Во неколку наврати имавме слични сценарија со значајно мал, но и значајно голем број заболени, во еден момент имаше и над 100 новодијагностицирани, рече министерот, додавајќи  дека денеска и утре ќе направи анализа за причините.

Вчера беше регистриран и уште еден починат пациент, на 70-годишна возраст од Велес, кој од 4 мај бил хоспитализиран на инфективното одделение во болницата во Велес  Со него, вкупниот број на починати од заразата достигна 89. Од почетокот на епидемијата во земјава,  потврдени со COVID-19 се 1572,  оздравени се 1079, а активни случаи има 404.

Заразата во Велес од каде што се стигнати резултати за девет нови позитивни случаи, според градоначалникот Аце Коцевски, е точно лоцирана. Седуммина од нив се вработени во конфекцијата ЈУ-КА, а двајца се пензионери  кои тврделе дека седеле дома и оделе само до аптеки и до маркет да пазарат. Вкупниот број на заразени во  Велес со нив се искачи на 93.

Министерот Филипче соопшти дека Центарот за јавно здравје-Скопје и Институтот за јавно здравје го завршиле планот за скрининг кој треба да почне следната недела. Се работи за околу 400 до 500 тестови согласно со индикациите по критични групи на граѓани.

Ќе бидат опфатени здравствени работници, вработени во градинките, во домовите за стари лица во прва фаза, понатаму и припадници на полицијата, возачите во ЈСП, таксистите, вработените во јавни служби, пациентите пред хоспитализација, пациенти коишто треба да примат биолошка терапија односно категории за кои е важно да се процени ризикот и да се идентификуваат асимптоматските носители.

Скринингот ќе се прави со ПСР-тестовите преку матичните лекари. Во договор со Стоматолошката комора, брисови ќе се земаат и преку матичните стоматолози.

Монтажната болница, пак, која е подигната до Клиниката за инфективни болести и има капацитет од 72 кревета за кои сега нема потреба од користење, ќе може да функционира како ургентен интернистички центар. Тој ќе биде своевиден коридор и место за тријажа на пациентите - дали имаат или немаат коронавирус пред да се упатат до некоја  од клиниките.

Колку ќе трае полицискиот час викендов ќе се разговара на состанок денеска. Ќе се разгледуваат и можностите за олабавување на мерките кои би важеле од следната недела и, според препораките на стручните лица, кој ќе биде редоследот за враќање на процесите и нормализирање на состојбата, вклучително и дали ќе има услови за одржување избори.

реклама

Како да спречите рибата да се залепи на тавата за време на пржењето?

Read more

Еден Азар под истрага

Read more

Како да носите прстен и што всушност значи прстот на кој го ставате

Read more

Зошто BMW е поотпорен на кризата од другите германски автомобилски гиганти?

Read more

Македонија

Јабланица гори три дена, два армиски хеликоптера се борат со пожарот

Read more

Трендафилов: Ние денеска се бориме за вашите плати, а што ќе правите вие?

Read more

Умерено облачно со сончеви периоди и температура до 19°C

Read more

Ќе нема струја во делови од центарот на Скопје

Read more
 

Вести

ЕУ во последен момент одлучува за санкции против Русија 

Читај повеќе

Вашингтон нуди 10 милиони долари за информации за иранските лидери

Читај повеќе

Јабланица гори три дена, два армиски хеликоптера се борат со пожарот

Читај повеќе

Трендафилов: Ние денеска се бориме за вашите плати, а што ќе правите вие?

Читај повеќе

Шест лица лишени од слобода во акциска контрола во Карпош, пронајдена дрога

Читај повеќе

Умерено облачно со сончеви периоди и температура до 19°C

Читај повеќе

Вучиќ ја зајакнува војската и вели дека нема да дозволи Србија да биде покорена

Читај повеќе

Ќе нема струја во делови од центарот на Скопје

Читај повеќе

Почнаа воени вежби на САД и Јужна Кореја, Северна испали ракети

Читај повеќе