Музика

Заврши 30-годишната дилема: Хулио Иглесијас сепак има вонбрачен син со поранешна балерина

11. јули 2019 - 10:21 | А.С.

Поранешната балерина Марија Едита Сантос ја доби тридецениската правна битка и докажа дека шпанскиот пејач и текстописец Хулио Иглесијас е биолошки татко на нејзиниот 43-годишен син Хавиер Санчез.

Таа тврди дека имала кратка афера со светски познатиот пејач во 1975 година, кога бил зачнат нивниот син.

Пресудата во суд во Шпанија е победа за неа, откако 30 години се обидува да докаже дека нејзиниот син е дете на Иглесијас.

Со оглед на тоа дека Иглесијас на почетокот на постапката одбиваше да даде примерок од ДНК, судијата донесе одлука врз основа на очигледните физички сличности меѓу него и Санчез.

Пејачот има осум деца, вклучувајќи го и латино поп пејачот Енрике Иглесијас.

Хулио Иглесијас е еден од најуспешните латино музичари на сите времиња кој има продадено повеќе од 300 милиони носачи на звук и има пеено на повеќе од 14 светски јазици.

Пејачот кој годинава доби Греми за животно дело, не присуствуваше на вчерашното изрекување на судската одлука во Валенсија. Судијата Хосе Мигел Борт рече дека одлуката е донесена делумно поради физичката сличност меѓу двајцата мажи, но и врз основа на сведочењето и доказите што ги приложила Марија Едита Сантос.

Коментирај