1.МФЛ 2020/21

Заврши есенскиот дел во фудбалската Прва лига, Пелистер ја изненади Шкендија

Филип Здравески
/ 16.12.2020 / 15:01

Среде недела денеска се одигра последното есенско коло во најдобрата македонска фудбалска лига во кое нјаголемото изненадување се случи во Тетово каде Пелистер славеше над лидерот на табелата.

Момент од натпреварот помеѓу Шкупи и Струга; Фото: ФК Шкупи Скопје

Со неколку изненадувања се затвори есенската полусезона во Првата лига. Најголемото се случи во Тетово каде со гол од пенла во судиското надополнување Пелистер освои огромни три бода и тоа против најсериозниот кандидат за титулата сезонава, Шкендија. Успешен егзекутор беше ветеранот Борче Мнаевски. И покрај поразот тетовци остануваат лидери. На овој натпревар долгогодишниот прволигашки и интернационален судија со знакот на ФИФА, Димитар Мечкаровски, се прости од свирчето и заминува во пензија.

И двата најсериозни конкуренти на Шкендија беа поразени на домашен терен. „Лавовите“ потклекнаа пред Ренова, додека Струга им откина три бода на чаирчани.

Вардар со победа ја затвори полусезоната и тоа на гости кај последнопласираната Беласица која паузата ќе ја мине како главен фаворит за испаѓање. Победи забележаа и Работнички и Академија Пандев. Младиот Лука Станковски блесна кај „Романтичарите“ и со два гола донесе победа над Борец.

Стадион „Градски“ во Тетово
Шкендија - Пелистер 0:1 (0:0)
Стрелци: 90'+1 (п) Борче Маневски
Судија: Димитар Мечкаровски (Скопје)

Стадион „Благој Истатов“ во Струмица
Беласица - Вардар 0:3 (0:1)
Стрелци: 1' Мартин Мирчевски, 54' Андреј Стојчевски, 61' Матеј Цветановски
Судија: Јосип Бартон (Скопје)

Стадион „Ѓорче Петров“ во Скопје
Македонија ЃП - Ренова 2:3 (0:1)
Стрелци: 52' Ермедин Адем, 70' Фернанџињу - 39' Сухејљ Мухарем, 71' Ремзифаик Селмани, 88' Шефит Шефити
Судија: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)

Стадион „Петар Милошевски“ во Скопје
Шкупи - Струга 1:2 (0:0)
Стрелци: 68' Ламин Џак - 55' Клисман Цаке, 82' Абдулхади Јахја
Судија: Марјан Гоцевски (Струмица)

Национална Арена „Тоше Проески“ во Скопје
Работнички - Борец 2:1 (1:1)
Стрелци: 15', 71' Лука Станковски - 12' Никола Прелчец
Судија: Александар Грујоски (Кичево)

Стадион „Силекс“ во Кратово
Силекс - Академија Пандев 1:2 (0:1)
Стрелци: 75' Иван Ивановски - 22' Кристијан Трапановски, 54' Кристијан Велиновски
Судија: Јован Качевски (Струга)

Табела:

  1. Шкендија 37
  2. Шкупи 33
  3. Македонија ЃП 33
  4. Струга 28
  5. Вардар 25
  6. Борец 25
  7. Работнички 24
  8. Силекс 22
  9. Ренова 19
  10. Пелистер 18
  11. Академија Пандев 17
  12. Беласица 9
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе