УЕФА ЛИГА ЕВРОПА 2020/21

Заврши групната фаза и во Лига Европа, без изненадувања

Нема неочекувани елиминации откако сите фаворити минаа во нокаут-фазата.

Момент од Наполи - Реал Сосиедад

Од поинтересните натпревари кои се играа синоќа може да се издвои битката за првото место во Групата Ф помеѓу Наполи и Реал Сосиедад. Италијанците поведоа во 35. минута преку Полјакот Пјотр Желињски, а Шпанците израмнија во судиското надополнување преку Бразилецот Вилиан Жозе. Македонецот Елиф Елмас почна од домашната клупа и влезе во игра во 74. минута на местото на стелецот на голот.

Мотивираните Ирци дома го пречекаа Арсенал, но не успеаја да останат непоразени. Англичаните во 12. и 18. минута поведоа со 0:2 преку Едвард Нкетиа и Мохамед Елнени, а само четири минути подоцна Дандалк се врати во игра со голот на Џордан Флорес. Во 67. минута Џозеф Вилок и Фоларин Балогун на десет минути пред крајот додадоа уште два гола за „Топчиите“ пред Шон Хоар да ги постави конечните 2:4.

Тотенхем победнички ја затвори групната фаза совладувајќи го белгиски Антверп со 2:0. Карлус Винисиус во 57. и Џовани Ло Селсо во 71. минута ги постигнаа головите за тимот на Жозе Мурињо.

Милан не остави ништо на случајноста и со минималната победа на гости кај Спарта во Прага го завери првото место во групата. Победничкиот гол беше дело на Норвежанецот Јенс Хауге.

Веројатно разочарување на сезоната е московска ЦСКА која заврши последна во својата група каде на првите две места се пласираа загрепски Динамо и австриски Волфсбергер, но Русите уште од почеток беа очајни и во последното коло играа натпревар без никакво значење.

Лоша есен имаше и шкотски Селтик, но мoра да се има предвид дека „Келтите“ беа во група со Милан, Лил и прашка Спарта.

Од друга страна најдобри во своите групи беа Рома, Арсенал, Баер Леверкузен, Ренџерс, ПСВ, Наполи, Лестер, Милан, Виљареал, Тотенхем, Динамо (З) и Хофенхајм кои и ќе бидат привилегирани во жрепката за нокаут-фазата. Нив ќе им се придружат и четири третопласирани од Лигата на шампиони со најдобар скор, кои се Манчестер Јунајтед, Бриж, Шахтар и Ајакс.

Како второпласирани во наредната фаза одат Јанг Бојс, Молде, Славија, Бенфика, Гранада, Реал Сосиедад, Брага, Лил, Макаби Тел-Авив, Антверп, Волфсбергер и Црвена звезда на кои од Лигата на шампионите им се додаваат Краснодар, Салцбург, Динамо (К) и Олимпијакос.

Жрепката ќе биде направена во понеделник.

Тагови
реклама

Баљум Баљум и Тетово велоград

Read more

Кран го донесе огромниот кревет во новата вила на Роналдо

Read more

Челси, Сити и Реал пред исфрлање од ЛШ, одлуката в петок

Read more

Трикови кои треба да ги знае секој кој кампува

Read more

Фудбал

Челси, Сити и Реал пред исфрлање од ЛШ, одлуката в петок

Read more

Озил: Детскиот сон е освојување на СП и ЛШ, а не на Супер лига

Read more

УЕФА, Премиер лига, Ла Лига и Серија А се обединија против Супер лигата

Read more

Претседателот на УЕФА е особено повреден од предавството на еден човек

Read more
 

Спорт

Челси, Сити и Реал пред исфрлање од ЛШ, одлуката в петок

Читај повеќе

Озил: Детскиот сон е освојување на СП и ЛШ, а не на Супер лига

Читај повеќе

УЕФА, Премиер лига, Ла Лига и Серија А се обединија против Супер лигата

Читај повеќе

Претседателот на УЕФА е особено повреден од предавството на еден човек

Читај повеќе

УЕФА го возвраќа ударот: Тешки санкции за учесниците во Супер лигата

Читај повеќе

Бајиќ е новиот селектор на македонската кошаркарска репрезентација

Читај повеќе

Тотенхем го отпушти Мурињо

Читај повеќе
  • play_arrow

YouTube ѕвездата Џејк Пол го нокаутира славниот ММА борач Бен Аскрен

Читај повеќе

Флорентино Перес: Супер Лигата ќе го однесе фудбалот на заслуженото место

Читај повеќе