Заврши изградбата на етнокуќа и регионален етнопарк во Зрновци

Локалната самоуправа на Зрновци ја заврши втората фаза од проектот за изградба на етнокуќа и регионален етнопарк, за што се инвестирани околу 3,5 милиони денари.

Најголем дел од средствата ги обезбедија Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, во соработка со Центарот за развој на Источниот плански регион, а финансиски учествуваше и Општина Зрновци со околу 10 отсто.

Енокуќата има автентичен селски изглед и во неа ќе бидат изложени домашни алати, облека и стари предмети што се карактеристични за регионот. Во дворот веќе се поставени етноекспонати, односно воловска кола и чеза, изградени се амбар, селска фурна и ѕидан казан за ракија, а ќе бидат изложени и дрвени буриња за вино и ракија и слични предмети.

- Заради комплетирање на експонатите ги повикуваме сите граѓани кои имаат стари предмети што ги користеле нивните предци при секојдневното живеење, а што веќе не им се потребни, да ги донираат. Тоа можат да бидат разни предмети од текстил, дрво, метал, глина, стари фотографии и слично, при што ќе биде назначено од која фамилија потекнуваат. Старите фотографии ќе бидат преработени, ќе се изработи копија, а оригиналите ќе им бидат вратени на сопствениците, истакна градоначалникот на Зрновци, Блаже Станков.

Главна цел на проектот е да се заштити културното и етнолошкото богатство по течението на Зрновска Река, при што во првата фаза пред три години се изградија пешачки патеки и летна сцена, се обезбеди довод на електрична енергија и вода, беше опремено детско игралиште и се комплетираше хортикултурното уредување.

Според најавите од локалната самоуправа, ќе се реализира и трета фаза од проектот со која ќе се изгради пристапна улица и паркинг.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе