Првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ ќе игра до крајот на сезоната.
Повеќе од месец дена се шпекулира дека српскиот тенисер би можел да ја заврши сезоната после УС Опен, но тоа го демантираа од неговиот ПР тим.
„Новак Ѓоковиќ не ја заврши сезоната. Ќе има уште турнири до крајот на годината. Сè уште ќе видиме кои ќе бидат тие“, соопштија од тимот.
За тоа пишуваат и бројни медиуми, а последниот во низата беше и италијанскиот Tuttosport кој извести дека Новак ќе го пропушти завршниот Мастерс во Торино, а шпекулираа дека може да ја пропушти и сезоната.
Ѓоковиќ е пријавен за Мастерсот во Париз(1-7 ноември), но останува да видиме на кој турнир ќе игра.
Во игра се Торино(14-21 ноември) или Дејвис купот(25 ноември-5 декември).