ОСУМНАЕСЕТТИ МОДЕН ВИКЕНД СКОПЈЕ ЕСЕН-ЗИМА 2018/2019

Заврши Моден викенд Скопје, а модата продолжува да живее на улиците

Со ревиите на „Error Kolektiv“, Сара Реџиќ и Александра Јовановска во „Скопје Мериот Хотел“ вчеравечер заврши осумнаесеттото издание на Моден викенд Скопје за сезоната есен-зима 2018/2019.

Со овие три ревии се заокружи уште едно издание на FWSK кој останува  неприкосновена платформа за лансирање на нови дизајнерски имиња на нашата, сѐ уште, кревка модна сцена. Радоста да се видат нови дизајнерски изрази што носат силна порака и докажуваат дека модата е многу повеќе од естетски - туку е и општествен и критички - момент и моментум, доживува кулминација токму во ревиските денови за кои живее мод(ер)но Скопје.

Идните и етаблираните дизајнерски имиња покажаа дека веќе имаат бренд што им се обраќа на нивните целни групи и беше особено задоволство да се види како модата живее и надвор од пистата, во публиката, на улиците, на социјалните мрежи, преку индивидуи со изграден стил кои гордо го носат македонскиот дизајн.

Моден викенд Скопје оваа сезона покрај тоа што влезе во тек со светските струења во насока на обновлива, еко-свесна и етички произведена мода - како преку изборот на дизајнери, така и преку изборот на рециклиран текстил наспроти пластика за акредитациите за настанот – исто така го потврди своето својство на лансирна рампа за нови дизајнерски имиња.

Најдобар пример за тоа е дизајнерката Сара Реџиќ која во изминативе неколку сезони, од самото нејзино појавување ја разбранува и импресионира модната публика и критика. Реџиќ почна како самоук креативец и во изминатава година видно работеше на нејзино доусовршување, студирајќи дизајн од етаблирани дизајнерски имиња како Ирина Тошева и Никола Ефтимов, за да се претстави во три различни наврати на ова издание на Моден викенд.

Третото претставување, нејзината самостојна ревија „Феникс“, го крена од пепелта македонскиот фолклор што ретко кој дизајнер се осмелува да го третира на современ начин, и го стави во еден исто така современ контекст на модните дискурси – диверзитетот и инклузијата во модната индустрија.

Видно усовршените форми и кроеви беа надополнети со вешто изработени детали од везови, таписерии и гоблени, како и рачно ткаени парчиња, а на пистата ги носеа девојки и жени кои потврдија дека убавината е во индивидуалноста.

„Error Kolektiv“ е заедничка хармонија на индивидуалното. Простор во кој  „ATAMI“, „Em Ellephantski“ и „[0.10] error of harmony“ градат едно. 

„ATAMI“ го поддржува неконвенционалното, создава за оние кои трагаат по сопствената линија. Потпирајќи се на минимализмот има за цел да креира „јазик“, парчиња кои ќе го разбудат и потенцираат индивидуалистот во секој кој ќе ги облагороди и направи свои, раскажувајќи ја својата лична приказна. 

„[0.10] error of harmony“ не е бренд. Се стреми да прерасне во движење составено од уметници, архитекти, музичари и скејтери кои преку заеднички проекти би пружиле отпор и би создале свој свет.

„Em Ellephantski“ е колаж на човечкото искуство. Емоциите создаваат бои а зборовите форми. Едноставното и сложеното, ахроматското и колоритното, овде не се спротиставен контраст туку хармонија на различности. 

Есенското издание на Моден викенд Скопје заврши со ретроспективната ревија на Александра Јовановска и колекцијата „Архетип“ која е сублимат од нејзиното десетгодишно творештво како моден дизајнер. За сценографијата беше задолжена Екатерина Намичева а избраните песни на македонскиот бенд „FUNK SHUI“. 

„Инспирациите во модните колекции се произлезени од лични доживувања и искуства, најчесто теми поврзани со идентитетот, традиција и културата, социјални и политички актуелности, историски интереси поврзани со земјата на живеење, еротската уметност, како и емоционални, семејни доживувања, модно преведни во рачно сликани мотиви, везови и детали изработени со рециклирање и реставрирање на текстил“, рече Јовановска. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Живот

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Read more

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Read more

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Read more
 

Магазин

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе