1.МФЛ 2022/2023

Заврши полусезоната во првата фудбалска лига, Струга лидер пред Шкупи

Филип Здравески
/ 11.12.2022 / 15:12

Есенскиот дел во најдобрата македонска фудбалска лига заврши со одигрувањето на денешните натпревари од 18. коло по кое се доби и конечната табела на полусезона.

Али Адем од Шкупи во дуел со Методи Максимов; Фото: ФК Работнички Скопје

Струга уште минатата недела си ја имаше осигурано есенската титула, но денеска киксна против фенерџијата Скопје во Автокоманда играјчи само 1:1.

Второпласираниот Шкупи, кој е и бранител на титулата освоена лани, во интересен натпревар полн со голови беше подобар од Работнички. Чаирчани сега во пролетниот дел ќе мора да надополнат негатива од 3 бода во однос на одличните стружани. Разликата изнесуваше 5 бода до ова коло, но благодарение на киксот на лидерот, таа се намали.

Третопласираната Шкендија беше слободна ова коло и за неа зимската пауза почна уште од минатиот понеделник. Тетовчани бодовни заостануваат зад лидерот и според табелата повеќе изгледа како да ќе се борат да го задржат третото место кое го меркаат Тиквеш, Силекс и Брегалница.

Кога е во прашање опстанокот, три тима се издвоија како главни кандидати за преселба во второлигашката конкуренција наредната сезона. Последнопласираниот Скопје заедно со Академија Пандев и Победа ќе се борат за избегнување на единственото место кое гарантира второлигашки статус, но и едното место кое води во баражот за испаѓање.

Во македонскиот фудбал често зимската пауза знаела да донесе многу промени, па ништо чудно тоа да биде случај и сега. Сѐ ќе зависи од тоа како ќе продаваат и купуваат клубовите во јануарскиот преоден рок.

Резултати од 18. коло:

Скопје - Струга 1:1
68' Леонид Игнатов - 58' Христијан Малески

Академија Пандев - Тиквеш 0:2
21' Иван Ивановски, 62' Андреј Лазаров

Силекс - Македонија ЃП 1:3
76' Марјан Ристовски - 14', 24', 83' Филип Мишевски

Работнички - Шкупи 2:4
54', 63' Методи Максимов - 7' Сандеј Адетунџи, 40' (аг) Фати Исмаили, 21', 79' Кристијан Трапановски

Брегалница - Победа 2:2
17', 21' Дарко Додев - 47' Адтхе Мазари, 72' Губам Дадет Амос

Шкендија беше слободна.

Табела:

  1. Струга 37
  2. Шкупи 34
  3. Шкаендија 28
  4. Тиквеш 26
  5. Силекс 26
  6. Брегалница 21
  7. Македонија ЃП 20
  8. Работнички 18
  9. Победа 13
  10. Академија Пандев 12
  11. Скопје 11
Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Read more

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Read more

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more
 

Спорт

Герасимовски: Конечно, Работнички се враќа на шампионските патеки

Читај повеќе
  • play_arrow

Тонали е вистински зависник: Се обложувал и во Англија, намерно добил жолт картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе