Заврши пробниот лет на грчки Ф-16 над Северна Македонија за НАТО мисијата „Air Policing“

Атина, 21 мај 2019 (МИА) – Од 110-от баталјон на грчката војска во градот Лариса, еден или два грчки воени авиони Ф-16 се упатија кон Северна Македонија и го завршија пробниот лет, објавија грчките медиуми.

Според информациите во медиумите во Грција, не е познати дали бил еден или два воени авиони и дали доколку се работи за пар Ф-16, летале заедно или посебно, јави дописничката на МИА од Атина.

-Овие летови имаа за цел тестирање на комуникациите на грчките воени авиони со грчки радари и генерално со воздушниот систем, кој веќе ќе покрива и ќе биде одговорен за воздушната одбрана на воздушниот простор на Северна Македонија, пишува информативниот портал New Post.

-Целта на летот беше да се провери дали постојат „мртви“ области на територијата на Северна Македонија и да се испита компатибилноста на системите за детекција, пишува „Катимерини“ и додава дека по првиот пробен лет, ќе следат и други во иднина.

Грција, со нејзини воени авиони го надгледува воениот простор и на Црна Гора и на Албанија.

Грчките медиуми утрово ја пренесоа веста објавена од МИА дека во периодот од 7:30 до 9:30 часот планирани се два прелета во воздушниот простор на Република Северна Македонија за потребите на НАТО мисијата „Air Policing“ (чување на воздушниот простор).

Целта на прелетот е проверка на комуникациите и радарската покриеност на нашиот воздухопловен простор. Прелетите се во функција на подготовката и исполнувањето на условите од страна на Република Северна Македонија во делот на воздухопловството како идна рамноправна членка во системот на колективна безбедност, соопшти Министерството за одбрана.

Мисијата „Air Policing“ е мирновремена задача на НАТО, која вклучува користење на системот за следење на воздушниот простор и управување со системот за команда и контрола на воздухопловните сили со соодветни сили и средства за противвоздушна одбрана, со цел заштита на воздушниот простор на земјите членки на НАТО.

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе