Заврши протестот за „Монструм“, повредени 7 полицајци

Учесниците во денешниот протест за „Монструм“, но и полицајците се повлекуваат од локацијата на Бит Пазар.

До тука стигнаа демонстрантите, кои по полициска проценка за можни инциденти беа спречени да ја поминат претходно планираната маршрута – од паркот во Чаир, кон судовите, па до Владата, каде првично планираа да дадат изјави.

Ситуацијата во моментов е смирена, протестот заврши. Организаторите, откако ги испорачаа своите барања во врска со „Монструм“, но и за други судски случаи и откако дел од демонстрантите фрлаа со камења и други предмети кон полициајците,  го прогласија протестот за завршен.

Дел од учесниците во протестот одбиваа да се повлечат и продолжија да фрлаат со различни предмети кон полицискиот кордон. Поединци од протестот, некои од нив маскирани, се обидуваа да предизвикаат инциденти. Екипата на МИА беше нападната на протестот, по што привремено беше прекинат преносот во живо.

Според извори од МВР во инцидентите се повредени седум припадници на полицијата.

Учесниците во протестот во еден момент беа на дистанца од стотина метри од полицискиот кордон, на локацијата на Бит Пазар. Полицискиот кордон ги потиснуваше демонстрантите, кои бараа од полицијата да им го ослободи патот за да стигнат до судовите и Владата.

За да ги растера демонстрантите полицијата употреби и шок бомби.

 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе