Заврши состанокот помеѓу САД и Русија, стигаат првите реакции

МАКФАКС
/ 18.02.2025 / 14:17

Советникот за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека четири и пол часовните разговори меѓу Русија и САД во Саудиска Арабија завршиле и биле успешни.

Јуриј Ушаков рече дека двете страни разговарале за условите за средба меѓу Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, пренесе руската новинска агенција ТАСС. Средбата меѓу Путин и Трамп најверојатно нема да се одржи следната недела, рече Ушаков.

„Не е лошо, не е лошо… тешко е да се каже дали ние (Русија и САД) се зближивме, но разговаравме за тоа… Тоа беше многу сериозна дискусија за сите прашања што сакавме да ги допреме… Се согласивме да ги земеме предвид взаемните интереси и да развиеме билатерални односи, бидејќи и Москва и Вашингтон се заинтересирани за тоа“, додаде во изјава за руската државна телевизија.

Тој рече и дека се договориле специјален тим од преговарачи да воспостави контакт во догледно време.

Кирил Дмитриев, шеф на рускиот фонд за директни инвестиции, за руската државна телевизија изјави:

„Почна многу позитивен, конструктивен дијалог. За разлика од администрацијата на Бајден, која никогаш не се обиде да ја слушне руската позиција, ова беше многу јасен обид да се започне дијалог, да се разбере руската позиција и да се разговара за работи за кои се согласуваме“, рече тој.

Тагови
реклама

Тајланд ја нападна Камбоџа

Read more

Каролина разбуди емоции со нејзината прва насловна на неполни 13 години

Read more

На кои половни автомобили најбавно им паѓа цената?

Read more

Кинескиот гигант тоне: Секој ден губи 4,5 милиони евра

Read more

Свет

Kyiv Post: Русија евидентира загинати војници како „дезертери“

Read more

Зошто министерот за војна Хегсет ја „смени песната“ за Трамп?

Read more

Белата куќа врши притисок врз Нетанјаху

Read more

ЕУ драстично ги заострува ограничувањата за мигрантите

Read more
 

Вести

Kyiv Post: Русија евидентира загинати војници како „дезертери“

Читај повеќе

Зошто министерот за војна Хегсет ја „смени песната“ за Трамп?

Читај повеќе

ГП Богородица и Меџитлија се блокирани за влез и за излез

Читај повеќе

Јапонија се повлекува од нуклеарниот проект во Виетнам

Читај повеќе

Белата куќа врши притисок врз Нетанјаху

Читај повеќе

ЕУ драстично ги заострува ограничувањата за мигрантите

Читај повеќе

Скопјанка измамена за 170.000 денари со повик за лажна сообраќајка

Читај повеќе

Денеска се празнува Свети Климент Охридски

Читај повеќе
  • filter

Студенти „светнаа“ две слики на мајсторот Мартиновски

Читај повеќе