Завршни зборови на обвинителството за случајот „Труст“, рочиштето продолжува во понеделник

Скопје, 12 јули 2018 (МИА) - На денешното судско рочиште за предметот „Труст“, во кој првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, обвинителството ги изнесе завршните зборови по што одбраната побара одлагање за нивните завршни зборови, а судот одлучи завршните зборови на одбраната да бидат наведени во понеделник. 

Јавните обвинители бараат конфискација на имот во вредност од 17 милини евра од фирмите „Трансмет“ и „Силекс Неметали“, што е стекнат на противзаконски начин. 

Обвинителството даде алтернативно барање, доколку некоја од фирмите нема имот и со тоа ќе нема можност од нив да се конфискува, конфискацијата да биде насочена кон основачот. 

Новина е предлогот на обвинителството, целосното обвинение кон  „Вато ДООЕЛ“ да биде повлечено. 

Исто така, обвинителството посочи дека Сафет Васиќ, повеќе не е обвинет како извршител на сторено дело, туку ќе се води како помагач, бидејќи е утврдено дека извршувал само „помагачки дејствија“ и ќе добие помала казна. 

Обвинителството наведе дека според нивните податоци, фирмата „Трансмет“ има имот што може да се конфискува, додека „Силекс Неметали“, нема, со што, според нивното барање, конфискацијата ќе биде насочена кон нивниот основач. 

Обвинителството побара да добие записник од денешното рочиште, односно од завршните зборови на обвинителството, но Судечкиот совет го одби барањето. 

Одбраната посочи дека обвинителството го изменило описот на дејствијата со наведување на други, поради што побара одлагање на нивното изнесување на завршните зборови. 

Судечкиот совет одлучи дека, главната расправа се закажува за понеделник.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе