Збогум Opportunity - роверот на Марс згасна по 15 години

Роверот Opportunity на НАСА беше направен да оперира само три месеци, но продолжи да работи уште 15 години откако слета на Црвената Планета. Вчера од НАСА соопштија дека е прогласен за мртов.

Роверот со шест тркала што помогна во прибирањето критични докази дека Марс порано можеби бил планета на која имало услови за живот, беше исклучително агилен до пред само осум месеци, кога го снајде конечната судбина – силна песочна бура.

Контролорите на лет се обидуваа многу пати да стапат во контакт со роверот и во вторникот вечерта пратија последна серија команди за опоравување, како и последната песна за будење – „I'll Be Seeing You“ на Били Холидеј.

Роверот Opportunity го надживеа својот близнак Spirit за неколку години. Двата бавни ровери слетаа на спротивни страни од планетата Марс во 20114 година за мисија што првично беше планирано да трае 90 дена.

Пред да прекине комуникацијата, Opportunity имаше поминато рекордни 45 километри на Марс и работеше подолго од кој било друг ровер, каде било досега.

Најголемо откритие на Opportunity, заедно со Spirit , беа доказите дека на Марс многу одамна имало вода на површината и можеби имало услови за живот за микроби.

По песочната бура, веќе немаше контакт со Opportunity и по илјада испратени пораки без одговор, НАСА реши да ја прогласи мисијата за завршена. Научниот свет го смета овој настан за „крајот на една ера“.

Opportunity беше петтото од осум вселенски летала што успешно слетале на Марс досега, сите на НАСА. Само две уште функционираат: роверот Curiosity кој е таму од 2012 година и најновиот „посетител“ на Црвената Планета, InSight.

реклама

Наука

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more
 

Гик

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе