Слободно вадете ги USB уредите од компјутерот и баталете ги сите оние “Safely Remove Hardware“ совети кои беа наметнувани со години.
Microsoft конечно потврди дека Windows 10 има опција Qick Removal која било кој приклучен USB самостојно го исклучува кога ќе биде рачно изваден од компјутерот, без претходна најава низ опциите на системот. Спомнатата опција е вклучена во верзијата Windows 10 1809, која им е испорачувана на корисниците од октомври 2018 година.
Том Варен, Microsoft експерт и професионален од оваа компанија, потврди дека Windows имал опција за безбедно исклучување на USB уредите уште од Windows 7 оперативниот систем, односно од 2009 година.