Зборови и фрази кои ги употребуваат депресивните лица

Депресијата променува се, од начинот на кој се движи и спие некое лице, до тоа како стапува во интеракција со други луѓе, а може да се забележи и преку говорот, односно стилот на пишување. Понекогаш тој „јазик на депресија“ е препознатлив и во многу песни на познати поети и музичари.

Научниците веќе долг временски интервал ги интересира поврзаноста меѓу депресијата и јазикот, а технологијата се повеќе и повеќе им помага во таа цел.

Ново истражување објавено во магазинот „Clinical Psychological Science“, открива мноштво зборови и фази кои ги користат лицата кои страдаат од депресија.

Тоа може да помогне во рано препознавање на оваа состојба кај лицата кои не опкружуваат.

Со помош на компјутерска анализа на текстови, научниците анализирале колку пати биле користени одредени зборови, лексички разлики, просечна должина на реченицата, граматички примери и многу други елементи во текстови на депресивни луѓе.

Стил и содржина

Јазикот може да се подели на два дела: Содржина и стил. Содржината се поврзува со она што го изнесуваме, а депресивните лица ќе го прераскажуваат на други луѓе користејќи многу негативни конотации и зборови, посебно прилози како „осамен“, или „тажен“ или „беден“. Уште поинтересен е изборот на заменки. Оние со симпотми на депресија користат многу повеќе заменки во прво лица и многу помалку во второ и трето лице. Тоа покажува дека лицата со депресија повеќе се фокусирани на самите себеси и помалку на луѓето околу нив.

Со користење на апсолутни зборови и црно-бела перцепција на светот, стилот сепак се поврзува со начинот на кој ги изнесуваме и презентираме работите. Според анализа на текстови, научниците заклучиле дека користењето на зборовите „секогаш“ и „ништо“ се посилен доказ за депресивната состојба од заменки или зборови кои означуваат негативни емоции.

На разни форуми, на кои луѓето често меѓусебно си помагаат при депресија и анксиозност, овие зборови се користат 50 отсто повеќе во однос на други форуми каде се дискутира за други теми.

Секако, можно е некој да користи некој од овие зборови а да не е депресивен или да има само кратка депресивна епизода во својот животот, но проблем со депресија имаат се повеќе и повеќе луѓе ширум светот, па затоа не е лошо да се обрати внимание на овие знаци.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе