Зборовите „мајка“ и „татко“ може да бидат заменети со „родител 1 и 2“ во француските училишта

Француските училишта ќе ги заменат зборовите „мајка“ и „татко“ со „родител 1“ и „родител 2“ според предлогот за измена на законот поднесен минатата недела.

Новиот вокабулар има за цел да ги стави истополовите и традиционалните семејства „на исто рамниште“ во поглед на административната документација, вели Валери Петит, пратеничка од мнозинската партија РЕМ на претседателот Емануел Макрон.

Според неа, актуелните административни формулари не ги земаат предвид истополовите семејства и неодамна легализираните истополови бракови во земјата.

„За нас ова е мерка за социјална еднаквост“, додава таа.

Конзервативните политичари ја осудија предлог измената, потсетувајќи дека мнозинството семејства се сепак традиционални.

„Кога ќе ги слушнам луѓето како велат дека ова е старомоден модел, ги потсетувам дека од денешните заедници, граѓански или брачни, околу 95% се заедници меѓу маж и жена“, изјави конзервативниот пратеник Савие Бретон.

Конзервативците исто така велат дека новиот вокабулар ќе ги разниша основните концепти на семејството.

Интересно е што конзервативците не се единствените кои ја „чешлаат“ предложената измена.

Дури и либералните организации, како Француското здружение за поддршка на истополовите партнери, укажува дека предложениот вокабулар не е совршен, едноставно бидејќи делува дека едниот родител (оној означен со 1) на некој начин е поважен од другиот (означен со 2).

Предлогот може да биде одбиен од Сенатот, во кој доминираат десничарски пратеници. Со тоа, ќе биде вратен во Собранието за дополнителни измени и конечно читање.

Идејата за заменување на „мајка“ и „татко“ со родители со реден број прв пат се појави во дебатите за законот од 2013 година за легализирање на истополовите двојки. После тоа, одредени закони го прифатија овој вокабулар, од кои најистакнат беше Париз каде оваа измена стапи на сила лани.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Свет

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Read more

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Read more

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Read more
 

Вести

  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Читај повеќе