Зборувавте за нешто и почнаа да ви се појавуваат реклами?

Маркетинг агенција тврди дека е легално да се прислушкуваат корисниците, а меѓу своите партнери, покрај Facebook, ги наведува и Google и Amazon.

Колку пати ви се случило да разговарате со пријателите за некои работи или производи на вашиот мобилен телефон, кои претходно не сте ги барале на интернет, за набргу потоа да видите реклами поврзани со тие производи.

Некои тврдат дека тоа е случајност, други имаат различни теории за поврзување на интересите на луѓето со кои разговаравте, а кои можеби барале такви производи, додека многумина сметаат дека тоа е јасен доказ дека Facebook нè прислушува.

Компанијата на Закерберг постојано ги демантираше овие информации и јасно нагласи дека никогаш и нема да ги слушаат корисниците и нивните разговори, пишува Zimo.

Во нивниот центар за приватност, меѓу различните информации важни за приватноста на корисниците, се наведува дека рекламите навистина понекогаш можат да бидат специфични, па корисниците мора да мислат дека се прислушувани, но уверуваат дека не се.

Дел од корисниците на Facebook се скептични кон овие уверувања, а овие сомнежи дополнително ќе бидат поттикнати од новите информации кои се појавија на мрежата во изминатите неколку дена и се засноваат на податоците од маркетинг агенцијата Cox Media Group (CMG), која на своите клиенти им тврди дека ги прислушува корисниците преку софтвер наречен Active Listening.

Она што се издвојува во тој извештај е дека рекламните партнери на CMG ги вклучуваат, меѓу другите, Facebook, Meta, Google и Amazon.

Во документ наменет за потенцијални клиенти, се тврди дека преку споменатиот софтвер базиран на вештачка интелигенција се прислушуваат разговори и се собираат и анализираат податоци за „намерите во реално време“.

Овие податоци потоа се поврзуваат со постоечките и претходно собраните информации за корисниците и нивните преференции со цел да се користат за таргетирано рекламирање, односно да им се прикажат на корисниците реклами што се од нивен интерес и дека постои голема можност тие да влијаат на нивната одлука за шопинг.

Врз основа на податоците и документите на CMG, не е јасно дали нивниот софтвер за активно слушање постојано се активира или само во одредени ситуации, односно при телефонски разговори и слично.

Овој извештај, кој во изминатите неколку дена забрзано се прошири на интернет, веројатно ги шокираше директорите на Meta, Google и Amazon, кои веднаш реагираа на овие тврдења.

Google ја отстрани споменатата компанија од својата партнерска програма, додека Amazon коментира дека никогаш не соработувале со CMG на таа програма и не планираат да го прават тоа.

Meta коментираше за Daily Mail: Meta не го користи микрофонот на телефонот за рекламирање, а за тоа јавно зборуваме со години. Ќе контактираме со CMG за да објасниме дека оваа програма не се заснова на податоците на Мета.

Друга интересна работа поврзана со оваа компанија и нејзината практика на прислушкување со која се фалат е блог пост кој во меѓувреме го избришаа.

Имено, во таа публикација велат дека е сосема легално телефоните и другите уреди да ве прислушкуваат и дека опцијата активно слушање често се наоѓа во условите за користење при преземање и ажурирање апликации, но дека е напишана со мали букви и не е во преден план кога се гледаат ваквите договори напишани на неколку страници.

Иако, според тоа, Meta, Google и Amazon негираа учество во оваа програма и прислушкување, откако оваа информација се прошири на мрежата јасно е дека оние кои досега веруваа дека Facebook ги прислушува, сега ќе се уверат уште повеќе дека тоа е вистината.

Тагови
реклама

Кои биле најбогатите луѓе во Југославија: Рекордот го држи Скопјанец

Read more

Жена без пилотско искуство приземјила авион

Read more

Фитнес тренер препорачува три јаглехидрати за здраво слабеење

Read more

Како да препознаете дали автомобилот што сакате да го купите бил поплавен?

Read more

Вести

Вештачка интелигенција ќе ја модерира содржината на TikTok

Read more

Која апликација „цица“ најмногу интернет?

Read more

Како лета авионот? 5 принципи кои ги држат авионите во воздух

Read more

Новите функции на Android помагаат ако ви го украдат телефонот

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Како да направите совршени есенски фотографии?

Читај повеќе

Вештачка интелигенција ќе ја модерира содржината на TikTok

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најимпресивни проекти на НАСА

Читај повеќе

Која апликација „цица“ најмногу интернет?

Читај повеќе
  • filter

Samsung го претстави Galaxy A16 5G со рекордна софтверска поддршка

Читај повеќе

Лансирана сонда како дел од мисијата за одбрана на Земјата од астероиди

Читај повеќе
  • play_arrow

YouTube Shorts стануваат подолги

Читај повеќе

Како лета авионот? 5 принципи кои ги држат авионите во воздух

Читај повеќе

Новите функции на Android помагаат ако ви го украдат телефонот

Читај повеќе