ZDF сними документарец: „Албанската мафија, најстрашна во светот“

Тирана, 30 септември 2019 (МИА) – Германската телевизија ZDF, како дел од серијата документарци за криминалните банди ширум светот, подготви репортажа и за албанските банди под наслов „Албанската мафија е една од најстрашните криминални организации во светот!“.

- Репортажата трае 43 минути, а може да се гледа само во Германија. Новинарот Давид Бериаин престојувал во Албанија за да одблиску се запознае со структурите на овие криминални организации, кои, како што наведува, корените ги наоѓаат во традиционалните верувања и следат код на чест и крвна одмазда, наведува тиранската телевизија Top Chanel.

Во документарецот новинарот разговара со неколку маскирани лица, кои не откриваат многу детали за организациите на кои им припаѓаат.

Репортажата ZDF ја заокружува со констатација дека „албанската мафија е најстрашна во светот. Оружје, трговија со луѓе и дрога се дел од нивните најпрофитабилните деловни области“.

И британскиот Daily Mirror во серијата написи посветени на албанската мафија неодамна објави дека таа ја презела контролата над пазарот на кокаин во Велика Британија, кој се проценува на околу пет милијарди фунти.

Познатиот истражувач Мохамед Касим од Универзитетот во Лидс Бекет и експерт од областа на криминалот за весникот изјавил дека „Албанците имаат сериозна репутација и оти тие не размислуваат двапати за да употребат сила“.

- Албанците обезбедија сериозна репутација и никој не се обидува да им се спротивстави. Тие не размислуваат двапати за да употребат сила. Имаме млади Албанци кои едноставно доаѓаат да заработат пари од пазарот на дрога. Некои од нив имаат големи вили и друг имот во Албанија, изјави Касим.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Регион

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more

Судир меѓу демонстрантите и полицијата во Тирана: Летаат факели и молотови коктели

Read more
 

Вести

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Читај повеќе

Кучиња скитници искасаа три лица во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица го објави својот предизборен спот

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

Читај повеќе

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Читај повеќе

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Читај повеќе

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Читај повеќе

Маж фрли бомба врз Сатанскиот храм во САД

Читај повеќе

Дел од неколку скопски населби без струја

Читај повеќе