Здравје
Внимавајте на стапиците

Здрава храна која дебелее

1. октомври 2012 - 10:01 | М.Т.

Иако во речиси сите диети и препораки на нутриционистите се препорачува консумацијата на здравата храна, според последните истражувања луѓето кои јадат само здрава храна може да не почувствуваат намалување во килограмите, бидејќи здравата храна може да влијае дури и врз нивното качување.

За да не бидете дел од тие луѓе, прочитајте која здрава храна крие ваква стапица и со што е потребно да ја замените.

Леб

Да се јаде леб или не, прашањето е сега? Генерално, морате да консумирате леб, едноставно му е потребен на организмот бидејќи има свои хранливи вредности, но работата е што луѓето кои сакаат да јадат леб знаат да претераат со количеството. Доколку не можете да се одречете од домашниот сендвич, тогаш направете го следниот трик: не јадете леб со другите оброци.

Со што да го замените лебот? Житарки. Протеините и зеленчукот кои ги консумирате во еден оброк искомбинирајте ги со житарки.

Овошен јогурт

Членовите на Weight Watchers откриле дека луѓето кои доаѓаат кај нив за да бидат поставени под одреден режим на исхрана со цел намалување на килограмите, кога им било речено да одберат здрави намирници тие посегнале по житарки, зеленчук,  а мноштво од нив консумирале и до четири чаши овошен јогурт. Но, овошниот јогурт каков што го купуваме од продавница треба да го одбегнуваме.

Со што да го замениме? Направете комбинација од обичен безмастен јогурт и во него самите ставете свежи парчиња овошје. Во секој случај ќе изедете помало количество отколку кога го купувате.

Житарки за доручек

Истата организација кога станува збор за житарките забележала интересен феномен, според кој луѓето кои сакаат да се хранат здраво и притоа најчесто јадат здрави житарки за појадок тоа го прават директно од кутијата, давајќи им третман на грицки и со тоа јадат поголемо количество од потребното.

Како да го решите овој проблем? Многу едноставно, наместо да јадете од кутијата, земете 30 грама житарки, помешајте ги со млеко и со тоа ќе добиете помалку калоричен појадок кој подолг период ќе ве одржи сити.

Бел ориз

Можеби сте забележале дека кога јадете бел ориз потребно е да изедете поголемо количество, за да почувствувате ситост. Причината за тоа е што белиот ориз не содржи влакна, компонента на храната кој го предизвикува чувството на ситост.

Со што да го замените? Со кафен ориз. Во еден оброк можете да консумирате и од 50 до 60 калории помалку, ако белиот ориз го замените со кафен.

Топло чоколадо без шеќер

Луѓето кои сакаат да уживаат во вкусот на чоколадото, а сепак сакаат да внимаваат на килограмите најчесто се одлучуваат на варијантата да пијат топло чоколадо, но без шеќер. Но, најголемиот проблем е што кога пиеме нешто најчесто губиме осет за количеството, па додека станете свесни вие веќе сте испиле пет чаши вакво чоколадо, а килограмите ќе си се накачуваат благодарение на тоа.

Со што да го замените? Диетален чоколаден пудинг. Според истражувањата, луѓето пудингот го гледаат како храна и затоа се ограничуваат на една порција, додека пак топлото чоколадо го третираат како пијалок и затоа претеруваат во количината.

Коментирај