Наука

Здрава храна: Зеленчук одгледан во воздух, без почва и речиси без вода

1. ноември 2019 - 11:18 | МИА/КАЈГАНА

Чешки научници пронајдоа ефикасен начин на одгледување зеленчук во воздух, без почва и со ограничено количество вода.

Проектот наречен „Марсонаут“ е дел од подготовките на научниците од Прага - и на човештвото - за освојување на Марс.

На овој начин, засега успешно се засадени марула, репка, нане, босилек…

Според д-р Јан Лукачевич од Универзитетот за животни науки и неговиот тим, „вкусот им е врвен, оти се одгледани во целосно контролирани услови“ со потребната доза светлост и минерали.

Тие минатата недела самите ги пробаа плодовите од својата прва берба.

Главната придобивка од овој метод во развој, е тоа што се користи 95 отсто помалку вода отколку при вообичаеното одгледување растенија и тоа што се користи поинаква површина.

Коментирај