Здравје

Здравјето влегува преку устата: Намирници кои се идеална храна за мозокот

21. ноември 2019 - 14:44 | Б.С.Б.

Мозокот е орган кој во човечкото тело троши најмногу енергија. Само за неговата работа во текот на денот се трошат околу 20 проценти од внесените калории. Токму затоа му е потребно квалитетно „гориво“ во вид на здрава исхрана, пишува Health24.

Рибата е намирница која го храни нашиот мозок, но тајната се крие во разновидната храна што треба да ја внесуваме за може да функционира на оптимален начин. Рибата е добар избор ако сакате да ја подобрите работата на мозокот, бидејќи содржи омега-3 масни киселини кои го подобруваат протокот на крв во мозокот и ги подобруваат когнитивните функции.

Консумирањето на темно чоколадо исто така може да го спречи опаѓањето на когнитивните функции кои доаѓаат со стареењето.

Боровинките содржат антиоксиданси и многу ја подобруваат комуникацијата меѓу мозочните клетки.

Авокадото е дар од природата, здрав извор на незаситени масти. Докажано е дека е ефективно делува во регулација на крвниот притисок и ја подобрува работата на мозокот.

Коментирај