Регион

Здравко Мамиќ уапсен во Босна

14. јуни 2018 - 13:44 | А.С.

Припадници на Државната полициска агенција за истрага и заштита (СИПА) во Меѓугорје, БиХ го уапсија Здравко Мамиќ по кој беше распишана меѓународна потерница од Република Хрватска.

Се очекува Мамиќ да се изјасни дали сака да биде испорачан во Хрватска.

„Полицијата го лиши од слобода Здравко Мамиќ. Во текот на денот тој ќе биде предаден во надлежност на Судот на БиХ“, потврди СИПА.

Судот ќе утврди дали Мамиќ има босанско државјанство и се очекува тој да се изјасни дали да биде екстрадиран во Хрватска.

Мамиќ во неколку јавни настапи рече дека не сака да оди во затвор во Хрватска.

Мамиќ има двојно државјанство и според уставните одредби на БиХ земјата не ги екстрадира своите граѓани.

Здравко Мамиќ минатата недела заедно со уште три други лица беше прогласен за виновен и изречена му е неправосилна осуда од 6 години и 6 месеци затвор за финансиско оштетување на Динамо и државниот буџет.

Ден пред изрекувањето на пресудата Мамиќ побара засолниште во Меѓугорје.

Коментирај