Рецепти

Здраво и вкусно: Бомбици со путер од кикирики и ленено семе

26. февруари 2020 - 19:00 | М.С.

Потребни ви се само пет состојки за да го подготвите овој рецепт.

Состојки:

165 гр. путер од кикирики

90 гр. црна чоколада

1 шолја овес

75 гр. ленено семе

Две лажици мед

Начин на подготовка:

Промешајте ги сите пет состојки во сад со средна големина. Измешајте ги состојките за да се соединат, па ставете ги да отстојат во фрижидер 15 минути до половина час, а потоа формирајте топчиња.

Коментирај