Здраво млади по 14-ти пат во МКЦ

На денот на Народното востание на македонскиот народ, 11 октомври, ќе се реализира 14-тото издание на фестивалот на нова музика Здраво млади во организација на Младинскиот културен центар – Скопје.

Во рамките на програмата, публиката ќе има можност да погледне 17 различни музички артисти од 6 земји од Европа. Оваа година, програмата претставува вистинско изобилство од музички артисти кои пленат со своите настапи во живо, претставувајќи сериозна музичка разгледница од светот.

Во рамките на програмата селектирана од младата издавачка куќа и колектив „Гола планина / Мртов коњ“, публиката ќе има можност да ги чуе младата дарквејв артистка „ATA“ (MKD), енергичните „KLOTLJUDI“ (SRB), дрон/фолк артистот „СТОЈ, ПОСЛЕ!“ (MKD), панк-рок изведувачот „DIMISH“ (МКД), инди составот „ZANADU“ (MKD), психоделичните „VAGINA CORPORATION“ (MKD) како и електронското дуо Пепи и Шабан.

Оваа година, Младинскиот културен центар оствари тесна соработка со Холандската амбасада во Скопје, каде со нивна организациска и финансиска поддршка, како и поддршката од партнерите од европската мрежа Liveurope, ќе се реализира музичката програма насловена како „Liveurope & NL“ селекција. Во неа, публиката ќе ги проследи настапите на иновативните „VELOCITY MADE GOOD“ (NL), експлозивното трио „HOUSEPAINTERS“ (NL), соло проектот и хрватскиот хит „IDEM“ (HR), панк изведувачот „TANDARA“ (HR) како и полските џез експериментатори „KOSMONAUCI“ (PL).

Во соработка пак со холандската издавачка куќа „YUGOFUTURISM“, Здраво млади ќе ги угости интензивното нојз трио „TEXOPRINT“ (NL), андерграунд нојз-поп сензацијата „SØWT“ (NL), кантавторката „EERIE WANDA“ (NL/HR), како и диџеј сет на независниот промотер, агент и менаџер на издавачката куќа „YUGOFUTURISM“, Кун Хехде или диџеј VIKENDICA.

Свој диџеј сет ќе има и резидентниот диџеј на Здраво млади уште од своето прво издание, Диџеј Фиц од Ирска.

Програмата е финансиски поддржана од Министерството за култура и туризам, Холандската амбасада во Скопје и мрежата Liveurope.

Влезот на 14-тото издание на Здраво млади е слободен, додека програмата ќе започне во 19 часот.

реклама

Уште една земја го призна Косово

Read more

Три вообичаени грешки при полнење гориво со кои го оштетувате вашиот автомобил

Read more

Како помрачувањето на 29 март ќе влијае на вашиот хороскопски знак?

Read more

Колку заработуваат инфлуенсерите од само една објава на Instagram?

Read more

МК сцена

Комеморација за музичарот Филип Стевановски в петок во Штип

Read more

Македонската естрада се збогува од членовите на бендот ДНК кои загинаа во пожарот во Кочани

Read more

Aндреј од ДНК загина во пожарот во Кочани

Read more

Сара Пројковска придружен вокал на „ДНК“ загина во пожарот во Кочани

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Marvel ја откри целата актерска екипа на Avengers: Doomsday

Читај повеќе

Модата понекогаш боли: Џена Ортега носеше фустан кој изгледа како да е од стакло

Читај повеќе
  • play_arrow

Силвестер Сталоне отсекогаш сакал да глуми еден херој на Marvel

Читај повеќе

Селена Гомес за коментарите за нејзината тежина: Не сум модел и никогаш нема да бидам

Читај повеќе

Комеморација за музичарот Филип Стевановски в петок во Штип

Читај повеќе

Педро Паскал за Џенифер Анистон: Би направил сè за неа

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Нов холивудски пар на повидок: Педро Паскал и Џенифер Анистон фотографирани на вечера

Читај повеќе
  • play_arrow

Нова експлицитна сцена во The White Lotus предизвика закани за бојкот

Читај повеќе