Здравствениот систем е подготвен да прими многу поголем број пациенти

Може слободно да се каже дека здравствениот систем е подготвен да прими и многу поголем број на пациенти отколку што сега се третираат во болниците и мислам дека сме спремни и за пикот кој го очекуваме и според проценките би требало да биде на крајот на месец април, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Министерот претходно информираше за новозаболените пациенти во државава.

Тој одговарајќи на новинарско прашање како ќе се справи нашиот здравствен систем кога ќе биде пикот со коронавирусот, посочи дека имајќи ја предвид целокупната поставеност на здравствениот систем, бројот на лекари специјалисти, бројот на матични лекари, пристапот на пациентите кон зравствената заштита кон институциите е сосем солидна.

– Го очекуваме пикот и понатаму и мислам дека моделот на третман на којшто ќе се лечат тешките, средно тешките пациенти во институции каде што има специјалисти по инфективна медицина, тука пред сè мислам на Клиниката за инфективни болести со дополнителен капацитет кој практично сега ќе биде дуплиран, понатаму болницата „8 Септември“ каде има и инфектолози и инфективно одделение меѓутоа и други капацитети, сосем доволна бројка на болнички кревети во коминација со домашното лекување како на некој начин пример кој го земавме од пристап кон пациентите со коронавирус во Германија е сосем солиден и може да се аплицира во нашата земја, може да апсорбираме поголем број на пациенти, рече Филипче.

Според него, добро е што системот на некој начин е воспоставен меѓу повеќе нивоа на институциите во рамките на здравствениот систем.

Прашан колку епидемиолози и инфектолози има во земјава и дали тој број е доволен во овој период, Филипче рече дека имаме околу 60 инфектолози од кои значителен дел работат на Клиниката за инфективни болести, а останатите во одделенијата ширум државата.

– Генерално имаше дефицит на лекари. Изминативе две години огромен број лекари и медицински сестри се примија. Ние дадовме повеќе од пет илјади согласности за вработување, примени се близу 800 лекари, над илјада медицински сестри на неопределено време. Голем дел од нив веќе се упатени на специјализација, имаше огромна потреба во јавно-здравствените установи. Излеговме во пресрет буквално на сите пред се соочени со недостатокот на лекари посебно од одредени специјалности во одредени болници, рече Филипче, додавајќи оти кривата на учење кај лекарите зема многу долго време.

Тој одговарајќи на прашање дали меѓу заболените од коронавирус во земјава има епидемиозоли и инфектолози рече дека колку што знае во овој момент има еден инфектолог заболен од Куманово, и инфектолог од Штип кој е во самоизолација. Додаде, да не погреши ќе каже точно после проверката на податоците во Институот за јавно здравје.

Со оглед на фактот што во некои општини е зголемено времето на чекање за земање на брис материјалите за испитување, во план сме да го зголемиме капацитетот на пунктовите за тестирање во сите општини каде тоа е потребно, истакна министерот за здравство.

Министерот додаде дека со отворање на четвртиот пункт денеска, дуплиран е капацитетот во Скопје, а исто така ќе се отворат и уште пунктови.

-До минатата недела во Скопје работеа два пункта, а денеска се отвори и четвртиот. Денеска нè известија дека е подготвен и ставен во функција и пунктот во Млин Балкан поликлиниката и мобилната екипа за постарите граѓани согласно укажувањето од матичните лекари.Со оглед на тоа што во одредени делови во одредени општини навистина се зголеми времето на чекање за зимање на брис материјал за испитување, во план сме да се отвориме уште повеќе пунктови и во оние општини каде е потребно, додаде министерот.

Филипче појасни дека до крајот на неделата освен во Центрите за јавно здравје, и во здравствените домови ќе се отворат еден или два пункта, согласно големината на здравствениот дом. Додаде дека ова во Скопје веќе се планира, а во другите општини најпрвин ќе се анализира дали со зголемување на бројот на пунктовите ќе се скрати времето на чекање.

На прашање дали и за медицинскиот персонал кој со јавен превоз оди на работа важат истите мерки за транспорт, Филипче одговори дека сите треба подеднакво да ги почитуваме мерките за транспорт, согласно препораките од Комисијата за заразни болести.

-Во однос на транспортот, важат сите препораки за транспорт. Во однос на тоа колку е исполнет капацитетот во возилото, на кој начин се однеусуваат луѓето во рамките на возилата за јавен превоз, така да тоа важи за сите и тоа се препораки кои што се преземени од стручното мислење на Комисија за заразни болести за секоја препорака има соодветно стручно научно објансување, рече министерот Филипче.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Read more

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more
 

Вести

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе