Здравствените домови почнуваат со подготовки за процесот на вакцинација против COVID-19

Повеќе клучни сегменти за процесот на вакцинација, чување и дистрибуција на вакцината против COVID-19, начинот на нејзина апликација, процесот на вакцинирање и како тоа ќе се закажува преку системот „Мој термин“, им беа презентирани вчера на директорите на здравствените домови од цела држава на состанокот со министерот за здравство Венко Филипче.

На директорите на здравствените домови им беше посочено дека почетокот на вакцинацијата нема да значи веднаш намалување на ризикот од COVID-19, ниту пак веднаш ќе се почувствува намалување на притисокот врз здравствените домови. Ризичните групи, со голем ризик за COVID-19 ќе бидат приоритетно вакцинирани и за нив вакцинацијата е високо препорачана, но не задолжителна. Вакцинацијата за COVID-19 ќе биде бесплатна за сите граѓани, а лична одлука на секој граѓанин е дали ќе се вакцинира, информираше Министерството за здравство.

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека за вакцинација на граѓаните ќе се користат постоечките вакцинални пунктови во здравствените домови низ државата, болници и други здравствени капацитети, а секој здравствен дом ќе треба да достави извештај по направен увид во човечки капацитети со кои располага, како и задолжителна проверка на техничките капацитети и нивната функционалност. Исто така, посочи, секој здравствен дом ќе мора да назначи одговорно лице за координација и организација на COVID-19 вакцинацијата.

-Здравствените домови ќе добијат прашалник каде ќе треба детално да го наведат бројот на кадарот за вакцинација, нивната обученост, бројот на вакцинални пунктови, во колку смени работат во работни денови и викенди, како и колку од персоналот учествувал во обуки за одржување на „студен синџир“, истакна професор д-р Александра Грозданова, претседател на Комитетот за имунизација.

Секој здравствен дом, како што се посочува, ќе изготвува записник од извршено примопредавање на вакцината, а преку системот „Мој термин“ ќе се следи процесот на вакцинација.

-Се поставува посебен модул на COVID-19 вакцина, идентичен како оној кој сега се користи за други вакцини. За нашите колеги во вакциналните пунктови ќе биде стандардна постапка за давање вакцина, сепак бидејќи е нова вакцина ќе се организира едукативен тренинг, потенцира проф. д-р Грозданова.

Во меѓувреме, благо намалување на бројот на новозаболени од COVID-19 во однос на претходните денови беше евидентирано во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа.

Според податоците во извештајот, дијагностицирани се нови 659 случаи со COVID-19 од направени 1.715 тестирања, починати се 23, а оздравени 774 пациенти.

Вкупниот број позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во државава е 1.296 од кои 443 се во Скопје. Во ковид – центрите има околу 150 празни болнички кревети.

Вкупната бројка ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 67.968, бројката на оздравени пациенти е 43.646, на починати е 1.924, а бројот на активни случаи изнесува 22.398. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Македонија

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Read more

Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња, димна бомба на гласачко место во Скопје

Read more

На 12,78 отсто се искачи одзивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто

Read more

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а наЈмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе

Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња, димна бомба на гласачко место во Скопје

Читај повеќе

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Читај повеќе

На 12,78 отсто се искачи одзивот до 11 часот, најголем во Демир Капија 23,99 отсто

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Читај повеќе

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Читај повеќе