Здружението на издавачи и книжари ги додели наградите на Саемот на книгата

Скопје, 14 мај 2019 (МИА) – Во рамки на Меѓународниот саем на книгата во Скопјe, Здружението на издавачите и книжарите традиционално ги додели наградите за најдобрите изданија издадени меѓу двата саеми на книгата, поделени во пет категории.

За наградите одлучуваше стручна комисија во состав проф. д-р Александар Прокопиев, претседател, проф. д-р Иван Џепароски, член, и проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска, член.

Во категоријата „Најдобро оригинално издание од областа на литературата, науката, културата и уметноста меѓу двата саеми“, првата награда ја добија Глигор Јовановски, Блажо Боев, Трајче Стафилов, Петре Макрески, Владо Матевски, Иван Боев за книгата „Алшар“ (Светско природно наследство)“ во издание на МАНУ,  а втората награда му припадна на Влада Урошевиќ за книгата „Безразборна лабораторија“ во издание на ИК Магор.

Во категоријата „Најдобро ликовно-графичко обликување и дизајн на книга – едиција меѓу двата саеми“ првата награда ја освои Златко Глигоров за книгата „Поп-глам“ во издание на Пагома прес од Скопје

Во категоријата „Најдобро илустрирана книга или сликовница меѓу двата саеми“ првонаградена беше книгата „Светот на Биби од А до Ш“, по текст од Билјана С. Црвенковска, а илустрациите се на Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, во издание на Бибиленд. Втората награда ја доби „Илустрирани приказни од Шекспир“, чиј уредник е Ана Иванова, а илустрациите се на Ана Григорјев, во издание на Просветно дело, а третата награда и припадна на Ели Маказлиева за книгата „Среќен роденден“, чии илустрациите се на Игор Јовчевски, а е во издание на Едука мак.

Во категоријата награда „Јаков од Камена Река“ за најдобра компјутерска обработка за печат или отпечатена книга или едиција меѓу двата саеми првата награда ја освоија Исмаил Р. ел Фаруки и Лоис Ламија ел Фаруки за книгата „Културен атлас на исламот“ во издание на Логос-А од Скопје, а втората награда ја доби Тихомир Стојков за книгата „Белешки 88-014“ во издание на Авант прес од Скопје. Во категоријата „Најдобар книжар меѓу двата саеми“ наградата и припадна на Магдалена Стојмановиќ од издавачката куќа Икона од Скопје.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Култура

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Read more
 

Вести

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе