Здруженија и синдикати бараат казни и присилна наплата за фирмите кои зеле државна помош, а не исплатиле плати

Повеќе здруженија и синдикати денеска преку заедничко сооштение реагираат на тоа што одредени фирми кои и покрај тоа што добиле државна помош не ја исполниле обврската за плати на своите вработени. Тие бараат Управата за јавни приходи (УЈП) да изврши присилна наплата на платите, а компаниите да бидат казнети.

-Силно ги осудуваме сите работодавачи кои примиле финансиска поддршка од државата, а не ја исполниле обврската за исплата на плати на своите вработени. Целта на државната финансиска поддршка утврдена со владината уредба за справување со кризата предизвикана од COVID-19 беше да се зачуваат работните места на работниците, а не работодавачите незаконски да профитираат на грбот на работниците за време најголемата здравствена, социјална и финансиска криза со која се соочуваме. Сметаме дека ваквото однесување на работодавачите е недозволиво, неправедно, незаконско и нехумано, се вели во соопштението.

Здруженијата и синдикатите бараат УЈП без одложување и во најкус можен рок, согласно своите законски овластувања, да изврши присилна наплата на платите на работниците во фирмите кои добиле државна финансиска поддршка, а не ја исполниле обврската за исплата на плати во месеците за кои ја земале поддршката или исплатиле помалку плата за тие месеци. Исто така, бараат УЈП, во соработка со Државниот инспекторат за труд, а согласно Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, на тие работодавачи да им изрече глоба за сторен прекршок и да ги задолжи  да ги вратат добиените државни финансиски средства.

-Бараме Основното јавно обвинителство да покрене постапка по допрен глас против сите работодавачи кои добиле државна финансиска поддршка, а не им исплатиле плати на своите работодавачи за сторено кривично дело измама по чл. 247 од Кривичниот законик. Владата на Република Северна Македонија како носител на мерката и исплатувач на државната финансиска поддршка јавно да ги објави фирмите кои ја користеле државната финансиска поддршка, а не им исплатиле плати на своите вработени, посочуваат од синдикатите и здруженијата.

Во иднина, предлагаат оттаму, сите финансиски мерки за помош и поддршка на работниците да им се исплаќаат директно на работниците, а не на работодавачите, за да се избегнат вакви и слични злоупотреби. 

Заедничкото соопштение е од Конфедерација на синдикални организации на Македонија (КСОМ), Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Независен академски синдикат (НАкС), Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Синдикат на културата на Република Македонија (СКРМ), Синдикат на македонската дипломатска служба (СМДС), Хелсиншки комитет за човекови права, Здружение на граѓани „Гласен Текстилец“, Левичарско движење „Солидарност“, ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена и Субверзивен фронт. 

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Бизнис

Доларот е на највисоко ниво во последните пет месеци

Read more

Драстичен пад на цената на биткоинот

Read more

Народна банка воведе новa веб-услуга за автоматизирано преземање податоци од Курсната листа

Read more

Силен раст на акциите на Apple и Nvidia

Read more
 

Вести

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Читај повеќе

Доларот е на највисоко ниво во последните пет месеци

Читај повеќе
  • filter

Нов сквер со футуристичка инсталација ќе го разубави платото пред Општина Центар

Читај повеќе

МНР реагирало до Европскиот парламент за северномакедонска влада: Грешката е коригирана

Читај повеќе

Командант на НАТО: Милијарда луѓе се изложени на ризик поради подморските војувања

Читај повеќе
  • play_arrow

Андерс Рослунд во Скопје: Генијалниот автор на крими жанрот доаѓа на Саемот на книга

Читај повеќе

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Читај повеќе

Временски сензации – изложба на скулптурите од керамика на Боро Новаковски

Читај повеќе