Зејн Малик го објави новиот спот за Still Got Time
Зејн Малик, кој се прослави како член на бој бендот One Direction, гради успешна соло кариера, а тоа го докажа и со новиот спот за песната Still Got Time со PARTYNEXTDOOR што го објави вчера.
Режисерот на спотот Калматик, кој има соработувано со Кендрик Ламар, рече дека едноставно замислиле луда домашна журка, собрале луѓе и пуштиле камери.