Зелен хуман град: Сиљановска со потпис овозможи уништување земјоделско земјиште за сметка на создавање енергетски монополи

И покрај јавните апели, и покрај силните реакции од јавноста, вклучително и од земјоделците, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги потпиша штетните измени на Законот за урбанистичко планирање, обвинуваат од здружената иницијатива Зелен хуман град.

„Нејзиниот потпис ги произведе следните последици:

❌ неповратно уништување на плодно земјоделско земјиште заради изградба на фотонапонски централи и ветерници;
❌ одобрувањето на урбанистичките проекти за централи и ветерници кои се од 'стратешки интерес' стана дискреционо право на еден човек – министерот за транспорт;
❌ за градбите од државно и локално значење ќе има смешни 15 дена за забелешки од јавноста кои нема задолжително да влијаат врз спроведувањето на урбанистичкиот проект – а и прашање е во кој скриен агол од службените веб-страници ќе се објавуваат информациите;

Сумирано, Сиљановска со својот потпис овозможи своеволност во работењето на министерот за транспорт и на градоначалниците со што го попречи правото на пристап до правда за прашања што силно влијаат врз животите на жителите на Македонија“.

Тие потсетуваат и на неодамнешната изјава на претседателката Сиљановска: „И како човек и како претседателка верувам дека вреди да се бориме за правото, правдата и моралот. Да изградиме општество во кое секој ќе има шанса за пристоен и достоинствен живот, ранливите – поддршка, а младите – инспирација, мотив и иднина. Имаме насушна потреба од еколошка правда и договор со природата, но не како наметната обврска, туку како предуслов за извесна иднина“.

„Сиљановска своевремено како пратеничка беше дел и од т.н. Зелена парламентарна група, но од делата од позиција на моќ за одлучување се гледа вистинската посветеност на еден систем на вредности и искреноста во борбата за подобро утре за сите нас.

Уништувањето на македонското земјоделско земјиште како ресурс за сметка на создавање енергетски монополи е еден од најнепатриотските чинови што една власт може да му го приреди на својот народ!

Апелираме до сите локални активистички групи каде што има рурални делови да се самоорганизираат будно да ја следат работата на локалните самоуправи, но и на Министерство за транспорт и врски. Оваа година се локалните избори – самоорганизирајте се и за почеток кандидирајте се во локалните совети!
Граѓаните мора да ги преземат работите во свои раце, во спротивно ниту ние ниту нашите деца ќе имаме иднина во Македонија!“, порачуваат од Зелен хуман град.

реклама

Што му предвидува неделниот хороскоп од 16 до 22 јуни на вашиот знак?

Read more

Објавени фотографии од маскираниот убиец по кој се трага во САД

Read more

Доларот падна на најниско ниво во последните три години

Read more

Четири суплементи кои луѓето со висок притисок треба да ги избегнуваат

Read more

Македонија

Колку е моќен македонскиот пасош?

Read more

Во МНР формиран кризен штаб достапен 24 часа за македонските државјани од Израел и Иран

Read more

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се препираат: Чија заслуга е реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум?

Read more

За двајца поранешни министри запрена постапката за трагедијата во Кочани

Read more
 

Вести

Колку е моќен македонскиот пасош?

Читај повеќе

Во МНР формиран кризен штаб достапен 24 часа за македонските државјани од Израел и Иран

Читај повеќе

Објавени фотографии од маскираниот убиец по кој се трага во САД

Читај повеќе

Дали е на повидок нова нафтена криза?

Читај повеќе
  • filter

Трет ден од воената ескалација меѓу Израел и Иран

Читај повеќе

Балони на топол воздух паднаа во Турција, еден загинат, 19 повредени

Читај повеќе

Доларот падна на најниско ниво во последните три години

Читај повеќе

Кои земји имаат најмногу боеви глави во 2025 година?

Читај повеќе
  • filter

13 јуни 1943, загинал македонскиот поет Кочо Рацин

Читај повеќе