Нутриционистите препорачуваат да јадеме што повеќе свежа зелка во овој период од годината бидејќи изобилува со витамин Ц кој докажано штити од вируси.
Покрај тоа, пресната зелка го намалува ризикот од срцев и мозочен удар, помага во реумата и проблемите со стомакот и кожата.
Болките во колената, грбот или рамењата, можат да се убалажат со обложување на свеж лист од зелка.
На болното место ставете лист од зелка и држете го така во текот на целата вечер, или за поефикасен третман менувајте го облогот три пати дневно.
Сокот од свежа зелка исто така е ефикасен за намалување на болките во стомакот.
Едно истражување покажало дека фитонутриентите од зелката – индол – 3 – карбинол, сулфорафан и и индол го намалуваат ризикот од појава на рак на дојка.
Зелката, го намалува и ризикот од рак на дебелото црево.
Зелката е полна со многу витамини и минерали како магнезиум, калциум, магнан, витамини А, Б1, Б2 И Б6, калиум, омега 3 – масни киселини.