Зелени палачинки со паштета од туна

Потребно е:
за палачинките:

200-250 гр брашно
1 јајце
200 мл млеко
2 лажици кокосово или маслиново масло
сол
100-150 гр блитва

за паштетата од туна:

1 конзерва туна
3 јајца
3 кисели краставички
90 гр мајонез
зрнест сенф
25 гр путер

Подготовка:

– Во еден сад ставете ги брашното и млекото и убаво разматете ги. Додадете ги јајцето, солта, маслото и ситно сецканата блитва (само зелениот дел) и убаво измешајте. Оставете ја смесата да отстои најмалку 1 час.

– Тавата во која ќе ги пржите палачинките не треба да биде многу загреана. Малку намастете ја. Ставете од смесата за палачинки и пржете ги од секоја страна по 1 минута. Оставете ги да се изладат палачинките.

– За тоа време направете ја паштетата од туна. Во блендер ставете ја туната од конзерва, варените јајца и киселите краставички. Додадете ги мајонезот, биберот, зрнестиот сенф и омекнатиот путер. Убаво изблендирајте ја содржината. Паштетата оставете во фржидер најмалку 1 час пред да ги намачкате палачинките.

– Намачкајте ги зелените палачинки со паштетата и сервирајте ги.

реклама

Рецепти

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Read more

Ловечки шницли на руски начин

Read more

Трик за брзо и лесно лупење лук

Read more

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе