Зеленски: Една западна земја ни донираше расипан противвоздушен систем

Украинскиот претседател Володомир Зеленски го повтори барањето на Киев за помодерно оружје, посочувајќи дека некои елементи испорачани од западните земји, не функционирале.

За време на овонеделното патување во погранични и региони покрај линијата на фронтот, Зеленски беше придружуван од новинари на Associated Press при што Зеленски зборуваше за ветеното оружје наспроти добиеното, пренесува HINA.

– Имаме одлични одлуки за системите Патриот, но ги немаме во реалноста, рече тој, мислејќи на ветениот систем за противвоздушна одбрана од САД.

Зеленски рече дека на Украина ѝ се потребни 20 батерии од системот Патриот за заштита од руски ракети, но дека „и тоа можеби не е доволно“, бидејќи ниту една земја во светот не била нападната со толку многу балистички ракети.

Зеленски додаде дека една европска нација испратила систем за противвоздушна одбрана во Украина, но тој не функционирал и тие „морале да го менуваат одново и одново“. Не го наведе името на државата.

Тој го повтори и неговото постојано барање за борбени авиони. Се пожали дека Украина „сѐ уште нема ништо кога се во прашање модерни борбени авиони“.

Полска и Словачка одлучија да ѝ дадат на Украина борбени авиони од советската ера, но ниту една западна земја досега не се согласи да обезбеди модерни воени авиони, поради загриженоста дека може да го ескалира конфликтот и предизвиците за обука.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Read more

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Read more

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Read more

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Read more
 

Вести

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе