Зеленски: Имам план за победа, тоа ќе ја принуди Русија да ја прекине војната

Макфакс
/ 11.09.2024 / 19:15

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека има „план за победа“ да му го претстави на американскиот претседател Џо Бајден подоцна овој месец. Планот, вели тој, ќе ја принуди Русија дипломатски да ја заврши војната. Украинскиот лидер рече дека планот ќе дејствува за зајакнување на Киев и ќе има „психолошко“ влијание врз Москва, но не даде дополнителни детали.

Тој додаде дека планот ќе треба да им биде претставен на украинските сојузници пред вториот меѓународен мировен самит што сака да го одржи подоцна оваа година.

„Доколку партнерите го поддржат планот, на Украина ќе ѝ биде полесно да ја принуди Русија да ја прекине војната“, рече тој.

„За што е овој план? Тоа е сериозно зајакнување на Украина и, според мене, ќе има и психолошко и политичко влијание врз одлуката на Русија да стави крај на оваа војна“, рече Зеленски.

Подготовката на тој план Зеленски веќе ја спомена на прес-конференција на крајот на август, без да навлегува во детали. Тогаш тој само рече дека упадот на Украина во руската Курска област на почетокот на август е дел од тој план, со надеж дека Украина на тој начин ќе добие посилна позиција за евентуални мировни преговори со Москва. Соработниците на Трамп навестија дека, доколку победи, тие ќе ја искористат помошта за да го принудат Киев да направи територијални отстапки кон Русија за да ја запре војната.

Зеленски ги повика Обединетото Кралство и САД да донесат „силни одлуки“, мислејќи на дозволата за употреба на оружје со долг дострел длабоко во Русија.

„Малку подоцна ќе разговарам со Блинкен и со британскиот министер за надворешни работи. Не ги знам сите детали од нашиот разговор. Ќе бидам отворен и искрен“, рече тој.

реклама

Плажа со најчиста вода во светот: Веројатно никогаш не сте слушнале за овој грчки остров

Read more

Матурант од Струмица најден мртов на нива

Read more

Печатот во пасош заминува во историја: ЕУ воведува нов систем на границите

Read more

Барселона заработи милијарда евра, паднаа одлуки за Јамал и Вилијамс

Read more

Свет

79 напади со нож дневно во Германија: Младите носат нож како да е мобилен

Read more

Руски аналитичари: Путин го влече Трамп за нос

Read more

Унгарија чекор поблиску до повлекување од Меѓународниот кривичен суд

Read more

Повторно хаос во Шпанија, сите мобилни оператори престанаа да работат

Read more
 

Вести

Утре облачно време, попладне дожд

Читај повеќе

Усвоен нов закон: Ќе може да се вработуваат и корисници на пензија

Читај повеќе

Утре изменет сообраќаен режим на експресниот пат Штип-Кочани

Читај повеќе

79 напади со нож дневно во Германија: Младите носат нож како да е мобилен

Читај повеќе

Руски аналитичари: Путин го влече Трамп за нос

Читај повеќе

УКИМ одбележува 76 години од основањето

Читај повеќе

Унгарија чекор поблиску до повлекување од Меѓународниот кривичен суд

Читај повеќе
  • filter

Клиника Жан Митрев го промовира здравиот начин на живот преку Шутбал – Walking Football

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе