Зеленски: Киев е подготвен да остане гарант за светската прехранбена безбедност

 „Украина е решена да остане гарант за светската безбедност на храната и да продолжи да извезува жито“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во разговор со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

„Разговарав со генералниот секретар на ОН. Ја потврдив посветеноста на Украина на договорот за жито“, напиша Зеленски на Твитер.

Руската армија претходно соопшти дека сака Украина да се обврзе дека нема да го користи коридорот за извоз на жито за воени цели, по нападот на нејзината флота и го прекина договорот за извоз на жито од украински пристаништа.

Руските власти во саботата соопштија дека се повлекуваат од договорот за извоз на жито од украинските пристаништа, кој е од витално значење за снабдувањето со храна во светот, по нападот на црноморскиот полуостров Крим, зад кој Москва тврди дека стојат Украина и Велика Британија.

Обединетите Нации ги доведоа во прашање наведените причини на Москва за суспендирање на договорот за жито со Украина.

„Кога бродовите на Иницијативата (за договорот за жито) не се во областа, коридорот нема посебен статус“, изјави координаторот на ОН за итна помош Мартин Грифитс на денешниот состанок на Советот за безбедност на ОН во Њујорк.

„Тоа не обезбедува ниту покритие, ниту заштита за офанзивни или одбранбени воени дејствија. Не може да се користи како штит или засолниште. Ниту е забранета зона“, појаснува Грифитс. „Ноќта на наводните напади немаше товарни бродови во коридорот“, додаде тој. 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more
 

Вести

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе