Зеленски најави можност за мировни преговори со Русија

Во пресрет на денешните клучни избори во САД, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја навести можноста за мировни преговори со Русија, што е промена од неговото претходно отфрлање на дијалогот со претседателот Владимир Путин.

Зеленски доцна синоќа ја повика меѓународната заедница „да ја принуди Русија на вистински мировни преговори“. Тој ги наведе вообичаените услови за дијалог односно враќање на сите окупирани територии, надомест на штета и кривично гонење за воени злосторства.

Станува збор за промена на реториката на украинскиот претседател, кој на крајот на септември потпиша указ во кој се наведува „неможноста да се водат преговори“ со Путин.

Денешните среднорочни избори за американскиот Конгрес ќе го дефинираат износот и обликот на идната политика и финансиската поддршка на Вашингтон за Украина, јавија американските медиуми.

Зеленски ги повика Американците да „одржат непоколебливо единство“ додека не се „врати мирот“ во Украина, бидејќи денеска во САД се одржуваат клучни среднорочни избори, чиј исход може да влијае на поддршката на Вашингтон за Киев.

– Ве молам да одржите непоколебливо единство како што го правите сега, до денот кога сите ќе ги слушнеме тие важни зборови за кои сонувавме, додека не слушнеме дека мирот конечно е обновен, истакна Зеленски во видео-обраќањето од Киев на конференцијата на која го доби американскиот „Медал на слободата“.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе