Зеленски пред ОН: Зошто руската армија е опседната со кастрирање луѓе?

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во вчерашното обраќање преку видеоврска пред Генералното собрание на Обединетите нации, повторно повика Русија да биде казнета за агресија врз неговата земја и истакна еден детаљ.

Тој предложи формирање на специјален суд кој ќе ги гони оние кои извршиле воени злосторства, а тој сè уште е на мислење дека мир може да се постигне со други земји кои воено ја поддржуваат Украина и ја казнуваат Русија.

Зеленски ја обвини Русија дека предизвикува катастрофални последици со војната, која тој ја нарече „нелегална“. За него, повикот на рускиот претседател Владимир Путин за мобилизација на 300.000 воени резервисти е показател дека Русија е несериозна кога зборува за мировни преговори. Некои Руси се незадоволни од повикот за мобилизација, а ова незадоволство го изразија со протести.

Претседателот на Украина ја осуди намерата на Русија да организира референдум на окупираните територии за да се одлучи дали тие украински територии треба да станат дел од соседната земја.

Тој изјави дека 445 нови гробници биле пронајдени во градот Изум, на североистокот на земјата, откако украинските сили го ослободиле градот. Тој истакна дека во една од гробниците бил пронајден човек кој бил кастриран, а потоа убиен.

„Зошто руската армија е толку опседната со кастрација“, праша Зеленски.

Како што јави BBC, тој 15 пати повикал на казнување на Русија, а присутните на Генералното собрание на ОН неколкупати му аплаудирале. Тој исто така повика да се заштитат животите на неговите сонародници и да се почитуваат меѓународно признатите граници на Украина. Тој ја осуди одлуката на седумте земји кои беа против тоа тој да зборува преку видеоврска и ги критикуваше оние земји кои се неутрални во војната.

Во меѓувреме, Украина и Русија направија голема размена на воени заробеници - 215 борци беа ослободени во Украина, од кои 10 странци, додека Русија прими 55 војници и прорускиот политичар Виктор Медведчук, кој беше обвинет за предавство во Украина.

Малку подоцна по обраќањето на Зеленски, високиот претставник на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, најави дополнителни санкции против Русија. Според него, ќе бидат санкционирани поединци, но и одредени економски сектори.

реклама

Свет

13 членови на исто семејство починаа откако јаделе отровна каша

Read more

Путин: Конфронтацијата меѓу Русија и Украина беше неизбежна, за жал се покажа како нецивилизирана

Read more

Проектил падна на фреквентна улица во Киев

Read more

Русија тврди дека го уништила последниот воен брод на Украина

Read more
 

Вести

Здружение Бранител 2001: По 22 години конечно некој во државата за која се боревме се сети дека постоиме

Читај повеќе

Харадинај: Курти отиде во крајност, поттикна конфликти, да ја напушти владата бидејќи е опасност за земјата

Читај повеќе

Мицкоски: Пендаровски и Ковачевски се „киднапирани“ од ДУИ

Читај повеќе

Левица: Македонските бранители ќе добијат олеснувања од обврските кон матичната општина

Читај повеќе
  • play_arrow

Еден загинат, повеќе повредени во тешка сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево

Читај повеќе

13 членови на исто семејство починаа откако јаделе отровна каша

Читај повеќе

Фон дер Лајен најави нов план за Западен Балкан: 4 столба за забрзување на патот кон ЕУ

Читај повеќе

Путин: Конфронтацијата меѓу Русија и Украина беше неизбежна, за жал се покажа како нецивилизирана

Читај повеќе

Курти: Решението е или толпата да се врати во Србија или да заврши во косовските затвори

Читај повеќе