Зеленски предложи мировен план: Шест услови за крај на војната во Украина

Б.С.Б.
/ 15.11.2022 / 09:38

Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку видеоврска им порача на светските лидери собрани на самитот Г-20 дека е време да се стави крај на војната со Русија.

Како што соопшти Зеленски, војната треба да заврши според неговиот предложен мировен план.

„Убеден сум дека сега е време да се стави крај на деструктивната војна со Русија“, изјави Зеленски. „Постои украинска формула за мир. Мир за Украина, за Европа и за светот. И постојат низа решенија кои можат да се применат за да навистина гарантираат мир. Со учество на самитит изнесов предлог за такви одлуки – конкретни и искрени. Украина им нуди на лидерските земји со нас заедно да бидат коректори на мирот“, изјави тој и наброја неколку услови.

Условите на Украина за мир се:

1. Нуклеарна безбедност

2. Безбедност со храната

3. Енергетска сигурност

4. Ослободување и враќање на затворениците и депортираните граѓани

5. Имплементација на Повелбата на ОН и обнова на територијалниот интегритет на Украина и светскиот поредок

6. Повлекување на руските трупи и прекин на борбите.

Овие 6 работи Зеленски ги наброја на Facebook по говорот на самитот.

„Нема да дозволиме Русија да чека и да ги зацврстува силите. Уверен сум дека сега е време кога руската војна мора и може да се запре“, додаде Зеленски.

Додаде дека Русија мора да го потврди територијалниот интегритет на Украина, повлекувајќи ги трупите од украинската територија и треба да плати отштета за сторената штета.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе