Зеленски: Путин знае дека нема да остане жив по нуклеарен напад

Кајгана / МИА
/ 06.10.2022 / 15:24

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е „тешко да се каже“ дали ризикот од руска употреба на нуклеарно оружје е зголемен по последните успеси на украинската војска, но дека останува убеден дека рускиот претседател Владимир Путин нема да преживее таква ескалација на непријателствата.

Зборувајќи со претставници на меѓународниот истражувачки центар од Сиднеј, Зеленски преку видео врска рече дека на Русите им е „тешко да контролираат сè што се случува во нивната земја, исто како што не контролираат сè што имаат на бојното поле“.

Зеленски, исто така, рече дека Путин разбира дека „светот никогаш нема да прости руски нуклеарен напад“.

„Тој разбира дека по употребата на нуклеарно оружје, повеќе нема да може да си го зачува својот живот, убеден сум во тоа“, рече Зеленски.

Украинската војска во последниве денови повторно зазеде делови од територијата анектирана од Русија минатата недела, а Путин предупреди дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за да ја спречи Украина да ја врати контролата врз областите. 

реклама

Неделен хороскоп од 25 септември до 1 октомври

Read more

Пијалаци што не треба да ги пиете ако имате висок крвен притисок

Read more

Што се добива кога ќе завариш две Југо коли во една?

Read more

Експертите предупредуваат на „тивкиот убиец“ без симптоми

Read more

Свет

Како Руската православна црква регрутира шпиони низ парохиите низ САД?

Read more

Шефот на сицилијанската мафија во кома, лекарите престанаа да го хранат

Read more

Државата им ги одзема децата на мафијашите во Италија

Read more

Полскиот премиер до Зеленски: Не ги навредувај Полјаците

Read more
 

Вести

Како Руската православна црква регрутира шпиони низ парохиите низ САД?

Читај повеќе

Пендаровски: Потребни ни се блиски врски меѓу Македонија и дијаспората

Читај повеќе

Бебе тешко повредено во градинка во Скопје

Читај повеќе

Шефот на сицилијанската мафија во кома, лекарите престанаа да го хранат

Читај повеќе

Доларот зајакна десетта недела по ред – ова не се случило 10 години

Читај повеќе

Активни шест пожари во околината на Прилеп и Битола

Читај повеќе

Попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Мицкоски: Ахмети и Џафери да ја кажат вистината за содржината на УСБ-то и пликото кои што им биле дадени

Читај повеќе

Дете со мотор во Струга прегази девојче на улица

Читај повеќе