Зеленскиј: Во Донбас нема да има втора Сребреница

Киев, 13 декември 2019 (МИА) – Украинскиот претседател Володомир Зеленскиј изјави дека во Донбас нема да се случи Сребреница, бидејќи Украина е „поинаква земја која ги почитува своите граѓани“.

- Ние сме поинакви луѓе, слободни, демократски. Сфаќаме дека таму живеат Украинци. И ние ги почитуваме граѓаните на Украина…. Нема да има никаков масакр… Ние сме поинаква влада. За нас е најбитен човечкиот живот. Затоа, не ги примам таквите заклучоци, истакна Зеленскиј во интервју за телевизијата 1+1.

Рускиот претседател Владимир Путин пред три дена изјави дека во Донбас може да се случи втора Сребреница доколку Киев воспостави контрола врз границата со Русија, а пред тоа да не ја обезбеди заштитата на граѓаните на Донбас, пренесоа руските медиуми.

Зеленскиј, исто така, смета дека некои точки од договорот од Минск можат да бидат променети, а посебно оние што се однесуваат на граничната контрола.

- Минаа четири години од Минск. Сѐ се менува во нашите животи. И ние сфаќаме дека не ние како администрација сме го потпишале Минск, но ние како влада сме должни да ги исполниме условите на кои тогашната влада се обврзала, изјави Зеленскиј.

Тој додаде дека, сепак, е сигурен дека некои работи можат да се променат.

- Некои работи ќе ги смениме, бидејќи токму предавањето на украинската државна граница под наша контрола после изборите, што дефинитивно е наш став, истакна украинскиот претседател.

реклама

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Свет

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more
 

Вести

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе