Земјоделците најавуваат блокади, и натаму ги бараат субвенциите

Банкарските сметки на земјоделците сè уште се празни. И денеска нема ни денар од субвенциите кои треба да им ги исплати државата. Тие за Макфакс најавија дека нема да протестираат. Велат дека ќе им остават време на надлежните да им ги исплатат парите.

Претседателот на Синдикатот на земјоделските производители Ристо Велков изјави дека земјоделците од Струмица, Битола, Кочани и Скопје ja разгледуваат можноста за блокада на патиштата и за поставување механизација пред државните институции и на крстосниците, доколку во догледно време не им бидат исполнети барањата. Велат, ако се толкува последната изјава на министерот за финансии, тие се убедени дека пари за нив во Буџетот нема. Освен тоа, тврдат дека им се вршат притисоци и закани за да не излезат на протести.

Од Министерството за финансии и натаму остануваат без коментар. Упатија на последните изјави на министерот за финансии Кирил Миноски кој рече дека исплатата зависи од ликвидноста на трезорот.

„Трезорот работи согласно на дневната ликвидност во зависност од тоа ќе се изврши планирање на средства и ќе се изврши исплатата“, изјави првиот човек на финансии, Миноски.

Како причина за доцнењето на исплатата на субвенциите првично се наведуваше политичката криза и толкувањето на изборниот законик, но Министерството за земјоделство пред крајот на март излезе со соопштение во кое пишува дека извесно задоцнување во исплатата за 2015 година се должи на фактот што Министерството воведува дополнителни мерки кои произлегуваат од нарушувања на пазарот на земјоделските производи.

„Субвенциите за 2016 година треба да се исплатат најдоцна до 30 јуни 2017 година. Тука ќе го дадеме примерот за тутунот, чие производство беше лани, а откупот траеше до 15 овој месец, по што на тутунарите за реколтата 2016 во наредниот период ќе им бидат исплатени 25 милиони евра од Програмата за 2017 година“, соопшти Министерството за Земјоделство.

Пратеникот од СДСМ Љупчо Николовски од Собранието обвини дека ВМРО-ДПМНЕ со блокирањето на работата на Законодавниот дом ја загрозува егзистенцијата на земјоделците.

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата немаат апсолутно никакво право, со блокадата на Собранието да ја загрозуваат егзистенцијата на земјоделците кои немаат добиено субвенции за ланската, но и претходните неколку години и тоа само да го сокријат криминалот и нафтениот бизнис на братучетската фамилија“, изјави Љупчо Николовски, пратеник Од СДСМ.

Според последните информации, Платежната агенција минатата недела до Mинистерството за финансии ги пуштила налозите за исплата на околу шест милиони евра за неисплатените субвенции. Според планот за исплата, прво се предвидени средства за субвенциите од 2015 година, а потоа и ланските. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Македонија

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Read more
 

Вести

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Читај повеќе

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Читај повеќе