Земјотрес со јачина од 4,2 степенa го постресе Истанбул и околните области, пишуваат турските медиуми.
Земјотресот е регистриран од Дирекцијата за справување со катастрофи и вонредни состојби АФАД во 16:38 часот по локално време.
Епицентарот бил во Мраморното Море, на дваесетина километри од градот Мармараереглиси, округот Текирдаг.
Земјотресот се случил на длабочина од 6,83 километри. Почувствуван е низ целиот регион Мармара. Оваа област е сеизмички активна и многу научници предвидуваат дека во иднина ќе има земјотрес од над седум степени.