Земјотрес во тенисот – Ѓоковиќ и колегите поднесоа тужба

Макфакс/Кајгана
/ 18.03.2025 / 20:50

Здружението на тенисери (PTPA) основано од Новак Ѓоковиќ покрена правна постапка против управните тениски тела.

Документите беа поднесени во Окружниот суд на САД во Њујорк.

Во тужбата на 163 страници, меѓу другото, се вели дека „професионалните тенисери се заробени во наместена игра“ што им дава „ограничена контрола врз нивните сопствени кариери и брендови“.

Се критикува распоредот, системот на рангирање и контролата што постои кога е во прашање имиџот на играчите.

Жалбата беше поднесена од PTPA и 12 играчи, меѓу кои и Ѓоковиќ, неговиот коосновачки партнер Васек Поспишил и Ник Кирjос – „во име на целата играчка популација“.

Со тужбата се бара крај на „монополската контрола“ на тениската турнеја, како и финансиска компензација од АТП, ВТА, ИТФ и ИТИА.

PTPA верува дека раководните тела функционираат како картел со тоа што склучуваат договори со турнири кои ги ограничуваат наградните фондови и ги спречуваат потенцијалните конкуренти да влезат на пазарот.

Тие сметаат дека распоредот е неодржлив, трае 11 месеци во годината, попатно барајќи од играчите да играат на преголема топлина или во раните утрински часови.

Поради ова, играчите страдаат од сериозни повреди на зглобот, лактот и рамото бидејќи топките се менуваат во текот на сезоната.

ИТИА е обвинета за нарушување на приватноста поради пребарување на телефоните на играчите поради сомневање за корупција и допинг.

АТП годинава организира 60 настани во 29 земји. АТП тврди дека поделила 241,6 милиони долари на играчите во 2023 година.

ВТА оваа сезона нуди 51 турнир во 26 земји. Се истакнува дека во 2024 година на тенисерките им исплатила 221 милион долари.

Играчите често се жалеа дека не добиваат доволно висок процент од приходите што ги генерира спортот, поради што PTPA беше создаден во 2020 година.

реклама

Колач ден и ноќ идеален за Свети Јован

Read more

Кој ќе биде најдобриот месец во 2026 година за вашиот хороскопски знак?

Read more

Аматер го победи најдобриот тенисер во светот и освои милион долари

Read more

Најглупавите мегапроекти во светот

Read more

Тенис

Аматер го победи најдобриот тенисер во светот и освои милион долари

Read more

Сабаленка го освои Бризбејн

Read more

ВТА ја прогласи Сабаленка за тенисерка на годината

Read more

Ѓоковиќ откри што би сакал да му пишува на надгробната плоча

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мане со еврогол ги исфрли Салах и Египет, Сенегал е финалист на АФКОН

Читај повеќе
  • play_arrow

Аматер го победи најдобриот тенисер во светот и освои милион долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси со една реченица ја зголеми вредноста на акциите на Coca-Cola

Читај повеќе

Мато се договори со Хартс, а Вардар го продаде во МЛС да игра против Меси

Читај повеќе
  • play_arrow

Максимилијан Ибрахимовиќ ќе се докажува во Ајакс

Читај повеќе

Само тројца играчи на Реал не се збогуваа со Чаби

Читај повеќе

Клоп нема намера да работи како тренер

Читај повеќе
  • filter

Конте суспендиран и казнет со 15.000 евра

Читај повеќе

Карик го презема Јунајтед и веднаш носи засилување во средниот ред

Читај повеќе