Зетот на Ердоган ја сруши вредноста на турската лира

Вредноста на турската лира падна за речиси 4% на 4,7488 лири за еден долар откако претседателот Реџеп Тајип Ердоган го назначи неговиот зет за министер за финансии.

За аналитичарите не е спорно само влегувањето на претседателскиот зет во првата турска влада по промената на политичкиот систем од парламентарен во претседателски.

Нив ги загрижува и исклучувањето на двајца министри кои имаат добри односи со инвеститорите во финансиските центри како Лондон и Њујорк. Се работи за сега веќе поранешниот  министер за финансии и досегашниот вицепремиер.

„Ова воопшто не го очекувавме. Берзата беше во исчекување на именувањето на владата, а сигналот е јасен – ова не е проберзанска, туку проедоганова влада“, коментира Нора Нојтебом, аналитичарка на холандската банка ABN Amro.

Јавните финансии на Турција сега се во рацете на 40-годишниот Берат Албајрак кој во 2004 година се ожени со ќерката на Ердоган.

Неговото назначување за министер за финансии го активираше алармот кај странските аналитичари кои сметаат дека тоа е само чекор понатаму кон влошување на независноста на монетарната политика и општата состојба на турското стопанство.

Ердоган веќе ги потврди сомнежите дека централната банка нема да може да прави потези спротивни на неговиот став.

Тој потпиша уредба со која ги присвојува овластувањата за именување на гувернер на централната банка и негови заменици, а мандатот им го скратува од пет на четири години.

реклама

Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас порасна во убавица

Read more

Младите Уругвајци го освоија Светското првенство, Италија не шутна на гол

Read more

Тошковски најави награди за вработените во полиција ако помогнат во надминување на кризата со издавање на лични документи

Read more
Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе